Убеден сум дека за време на Аллаховиот Пејгамбер, с.а.в.с., никој од луѓето не знаел ништо за тркалезната форма на Земјата, ниту тоа било дел од чие било знаење. Во тој период се објавува Кур'анот и се објавува кур'анскиот ајет:
"И Земјата Ние ја раширивме…" (Ел-Хиџр,19; Каф,7)
Мораме да ја нагласиме прецизноста и совршенството на овој кур'ански израз.
Употребен е единствениот соодветен израз за времето во кое е објавен и за сите наредни векови. Со изразот ја раширивме, истовремено се постигнати две важни значења. Првото значење на ајетот: И Земјата Ние ја раширивме… зборува дека Земјата е раширена, што не преставуваше проблем, бидејќи во тоа време луѓето можеле со своите очи да ја видат вистинитоста на тој ајет. Подоцна, кога се востанови дека Земјата е тркалезна, гледаме дека тоа било единствен израз кој целосно одговара на описот на Земјината топка.
После тоа да го погледнеме овој кур'ански ајет:
"Он ноќта ја покрива со денот, а денот го покрива со ноќта". (Ез-Зумер,7)
Зошто Возвишениот Аллах го употребува зборот (јукеввиру) покрива, обвива. Кур'анскиот израз потекнува од Аллах и затоа е неверојатно прецизен и непогрешлив. Но, зошто е кажано покрива, обвива, а не ја раширува ноќта и денот, што подобро би одговарало на описот ако Земјата е рамна, или ги сменува денот и ноќта, или со кој било друг збор. Ако вие донесете нешто и го обвиете тоа околу тркаелст предмет ќе кажете: «Ја обвив ткаенината, на пр. во клопче, т.е. добив тркалеста форма така што завиткав клопче. Ако сакате некој човек да ви направи нешто тркалесто ќе му кажете: «Земи го ова и заобли го!» т.е. направи од него топка. Директното значење на зборовите на
Возвишениот Аллах:
"Он ноќта ја покрива со денот, а денот го покрива со ноќта".
е тоа, дека направи тие да ја обвијат Земјината топка…
Совршениот Кур'ан укажува дека ноќта и денот ја опфаќаат Земјината топка истовремено во секој момент. Возвишениот Аллах не рекол:» Он Земјата ја покрива со ноќта, а потоа ја покрива со денот.» Зборовите: Он ноќта ја покрива со денот, а денот го покрива со ноќта., со употреба на предлогот ала на глаголот кеввере, заслужува поголемо внимание, за да добиеме дополнителен увид во доменот на совршенството на Кур'анот. Он ноќта ја покрива. Значењето на овој ајет е дека тие истовремено и заедно се наоѓаат околу земјината топка, и на тоа Кур'анот укажал пред четиринаесет векови, а до што човечката наука успеала да стигне дури во последниот период од историјата.
Ова прашање, прашањето за тркалестата форма на Земјата, Кур'анот го спомнува и на други места. Зошто? Затоа што е тоа голема природна вистина…
Втора научна вистина: Денот и ноќта заедно се на Земјава
Денот и ноќта истовремено се наоѓаат на Земјава. Да ги погледнеме сега другите зборови на Возвишениот Аллах:
"Ниту Сонцето не треба да ја стигне Месечината, а ниту ноќта да дојде пред денот…" (Ја-син, 40)
Каква е пораката и значењето на овој кур'ански ајет? Неговото наведување на оваа појава е во тоа да се исправи оновремското убедување. Тие зборуваа: »Ноќта го престигна денот. Денот почнува со излезот на Сонцето и завршува со неговото заоѓање. После тоа настапува ноќ, т.е. ноќта го престигна на денот». Аллах џ.ш. во Кур'анот вели:
"а ниту ноќта да дојде пред денот…"
Со овој ајет Тој го негира нивниот говор дека ноќта го престигна на денот, порачувајќи им: «Не, никако. Ниту ноќта може да го престигне на денот, а ниту денот може да ја престигне на ноќта.»
Ова воедно е и објава дека Земјата е тркалеста, и дека ноќта и денот истовремено се присутни на Земјата. Ако го прифатиме мислењето дека Земјата е голема рамна плоча, тогаш би биле можни само две состојби. Прво: Дека Аллах џ.ш. го создаде Сонцето и му определи положба така што неговите зраци директно да се насочени кон Земјината рамнина. Во тој случај, на целата Земја прво е присутен денот. Потоа Аллах џ.ш. би го оддалечил Сонцето и тогаш би настапила ноќ. Второ: Аллах џ.ш. го создаде Сонцето и тоа воопшто не е насочено само на Земјата. Во тој случај на Земјата прво би била присутна ноќта, а после тоа доаѓа Сонцето над Земјината рамнина и настапува ден. Трета солуција не е можна. Така, кога Аллах џ.ш. вели: а ниту ноќта да дојде пред денот… целосно ја исклучува можноста денот да ја престигне на ноќта и обратно, бидејќи меѓу нив нема престигнување. Од кога? Од почетокот на создавањето на Земјата, или од кога Аллах џ.ш. ја создаде Земјата. Во говорот за материјалните предмети оваа ситуација е можна единствено во случај Земјата да е тркалеста. Кога Аллах џ.ш. ги создаде Сонцето и Земјата, ги постави денот и ноќта заедно. Земјината половина свртена кон Сонцето станала ден, а втората половина, ноќ. Потоа Земјата почнала да ротира околу својата оска, па ноќта стана ден, а денот стана ноќ.
Значи, со зборовите на Aллах во Куранot: а ниту ноќта да дојде пред денот… индиректно е кажано дека Земјата е создадена во форма на топка.
No comments:
Post a Comment