Tuesday, February 01, 2011

Ветрови кои оплодуваат


Научни докази во Куранот: Ветрови кои оплодуваат. .





Во еден Курански ајет се обрнува внимание на „оплодување“, како особина на ветрот, чија последица е создавањето на дождот:
„Ние испраќаме ветрови да оплодуваат, а од небото спуштаме дожд да имате што да пиете-вие со тоа не можете да располагате.“ (Ал-Хијр, 22)

Во ајетот се потенцира дека во првата фаза на настанокот на дождот се наоѓаат ветровите. Меѓутоа, се до почетокот на ХХ век, беше познато само тоа дека ветрот ги разнесува облаците, кои се единствена врска помеѓу ветрот и паѓањето дожд. Но, што се однесува до откритијата на модерната метеорологија, таа покажа дека ветровите имаат улога на „оплодување“ при настанокот на дождот.Оваа улога на оплодување се одвива на следниот начин: Поради пенливоста, на површината на океанот и морето константно доаѓа до формирање на безброј воздушни меури. Во мигот на распрснување на овие меури, во воздухот се исфрлаат илјадници делови со големина 1/100 милиметар. Овие делови, наречени „аеросоли“, помешани со прашината од копното, со помош на ветровите се пренесуваат во горните слоеви на атмосферата. Аеросолите, кои на тој начин, со помош на ветровите се искачиле на голема височина, овде доаѓаат во допир со водената пареа. Водената пареа околу овие аеросоли се кондензира и се претвора во водни капки. Со концентрирање на едно место, овие водни капки претходно формираат облак, а потоа во вид на дожд се спуштаат на земјата.

Како што може да се забележи, ветровите вршат „оплодување“ на аеросолите со водена пареа, која во слободен облик се наоѓа во атмосферата и на тој начин го обезбедуваат формирањето на дождовните облаци. Во случај ветрот да не ја поседува оваа особина на оплодување, во високата атмосфера никогаш не би можело да дојде до формирање на водни капки, па аналогно на тоа, не би постоело ни нешто што се вика дожд. Важниот момент овде е тој дека оваа критична улога на ветрот во настанокот на дождот, со векови наназад е соопштена во Куранскиот ајет. И тоа во еден историски период кога човекот речиси ништо не знаел за природните појави...

Брановите се формираат со помош на ветровите кои удираат над површината на водата. Водните зехри, заедно со ветрот, почнуваат со кружно движење. Ова движење по кратко време ќе формира бранови кои се наоѓаат еден зад друг, а воздухот ќе исполни балони кои настануваат заедно со брановите. Ова е прва фаза на настанокот на дождот. Исто така во Куранот се посочува на фактот дека ветровите се наоѓаат во првата фаза на создавањето на дождот.
Превод : M.А., Рецезент: Љ. Т.