Saturday, July 25, 2009
Куранот за длабоките мориња и внатрешните бранови
Бог вели во Куранот:
„Или пак, како темнини во море кое го прекриваат бранови едни на други, а над нив облаци: темнини едни на други натрупани, така што, кога ќе се извади раката, ни прст не може да се види.“(Куран, 24: 40)Овој стих говори за темнините кои се наоѓаат во длабочините на морињата и океаните, каде што, ако човекот ја погледне својата рака не би можел да ја види. Темнината која се наоѓа во длабочината на морињата и океаните започнува некаде околу длабочина од 200 метри па надолу. На оваа длабочина, скоро и да нема светлина. Под далбочина од 1000 метри не постои светлина воопшто. Човечките суштества не се во можност да нуркаат повеќе од четириесет метри, без потребната помош на подморската специјална опрема. Човечките суштества, без помош, не можат да преживеат, во длабоките темни делови на океанот, како што е длабочината од 200 метри.
Помеѓу 3 и 30 проценти од сончевата светлина се рефлектира на морската површина. И скоро сите седум бои на светлиот спектрум се апсобираат една по друга, во длабочината од првите 200 метри, освен плавата боја. (Океаните, Елдер и Пернета, стр. 27)
Научниците ја имаат од неодамна откриено оваа темнина со помош на средствата на специјалната опрема и подморницата, со што им беше овозможено да нуркаат во длабочините на океанот.
Исто така предходниот пример можеме да го разбереме од стихот, „... темнини во море кое го прекриваат бранови едни на други, а над нив облаци...“, дека длабоките води на морињата и океаните се покриени со бранови, и дека над тие бранови се наоѓаат други бранови. Сигурно е дека следната група на бранови, се брановите на површината кои можеме да ги видиме, затоа што во стихот е наведено дека под следниот бран се наоѓаат облаци. Но што е со првиот бран? Научниците неодамна откриле деке постојат внатрешни бранови кои „влијаат на густината помеѓу слоевите на различната густина“.
Внатрешните бранови помеѓу два слоја на вода со различна густина. Едниот е густ (понискиот), другиот е помалку густ (повисокиот). (Океанографија, Грос, стр. 204)
(Површински бранови, внатрешни бранови; перспектива; помалку густа вода; густа вода)
Внатрешните бранови ги покриваат длабоките води на морињата и океаните, затоа што длабоките води имаат повисока густина од водата над нив. Внатрешните бранови функционираат исто како и површинските бранови. Тие исто така можат да се прекршуваат, како и површинските бранови. Внатрешните бранови не можат да бидат видени со човечко око, но можат да бидат лоцирани со проучувањето на температурата или пак на промените на солта на дадена локација.
Куранот за морињата и реките
Модерната наука има откриено дека на местото каде што две различни мориња се допираат, всушност постои граница помеѓу нив. Оваа граница ги одвојува двете мориња, со што секое море си има своја температура, соленост и густина. Како пример би го навеле Медитеранското море чија вода е топла, солена и помалку густа, за разлика од водата на Атланскиот океан. Кога водата на Медитеранското море навлегува во Атлантикот преку Гибралтарот, навлегува неколку стотици километри во Атлантикот во длабочина од околу 1000 метри со својата топлина, соленост и помалата густина. Медитеранската вода се стабилизира во оваа длабочина.
Водата на Медитеранското море навлегува во Атлантикот преку Гибралтарот, со својата температура, соленост и помалата густина, поради границата која ги дели. Температурата е во целзуисови степени. (Поморската геологија, Кјуенен, стр. 43, со мало зголемување)
(длабочина во метри; Атланскиот океан; Медитеранското море; Водата на Атланскиот океан; Соленост под 36,0‰; Гибралтар; Водата на Медите-ранската вода; Соленост над 36,5‰)
Иако има големи бранови, јаки струи и плими во тие мориња, тие не се мешаат ниту ја преминуваат оваа граница.
Чесниот Куран спомнува дека има граница помеѓу морињата и дека тие не ја преминуваат. Бог вели:
„Ги оддели двете мориња кои само се допираат; меѓу нив има препрека, и не се мешаат.“
(Куран 55: 19 - 20)
Но кога Куранот ни говори за разликата помеѓу слатката и солената вода, се спомнува постоењето на „забранетата поделба“ со граница. Бог во Куранот вели:
„И Тој е Оној кој одвои едно од друго две мориња: едното пивко и студено, а другото солено и горчливо. И меѓу нив одреди меѓупростор и испречи препрека.“
(Куран, 25: 53)
Некој може да се запраша зошто во Куранот е спомната преградата, кога се говори за слатката и солената вода, но не ја спомнува преградата кога зборува за разликата на двете мориња?
Модераната наука открила дека во устието, каде што слатката и солената вода се сретнуваат, ситуацијата е некако поинаква од онаа што може да се види на местото каде што двете мориња се сретнуваат. Откриено е она што ги разликува слатката вода од солената во устието е зоната на сепарација која има различна соленост од слатката вода но и од солената вода.
Должинската регија ни ја покажува соленоста (деловите се по илјада ‰) во устието. Овде можеме да ја видиме преградата (зоната на сепарација) помеѓу слатката и солената вода. (Вовед во океанографијата, Турман, стр. 301, со краток додаток.)
(слатка вода (река); Преградата (Зоната на сепарација); Солената вода (море); Вертикално измешани.)
Оваа информација била откриена од неодамна, користејќи напредна технологија за мерењето на температурата, соленоста, густината, растворливоста на кислородот итн. Човечкото око не може да ја види разликата помеѓу овие мориња кои се мешаат, дури и ни изгледаат како едно хомогено море. Исто така човечкото око не може да ја види поделбата на водата во истијата на три вида: слатка вода, солена вода, и преградата.
Куранот за настанокот на универзумот
Науката за модерната астрономија, обсервациона и теоретската, јасно укажуваат на фактот, дека во еден момент, целиот универзум бил само еден облак на непрозирен и многу густ чад, топол и во гасовита состојба. Ова е еден од неспорните принципи на денешната модерна астрономија. Научниците сега можат да набљудуваат како се формираат нови ѕвезди кои настануваат од остатоците на тој чад. Ѕвезди кои навечер светат, предходно биле како и целиот универзум, во гасовита состојба. Бог ни вели во Куранот:
„Потоа се упати кон небесата, а тие беа како магла...“(Куран, 41: 11)
Поради тоа што Земјата и небото над нас (Сонцето, Месечината, ѕвездите, планетите, галаксиите итн.) настанале од истиот „чад“, можеме да заклучиме дека Земјата и небото биле една поврзана целина. И тогаш од тој хомоген „чад“ се формирале и одделиле едно од друго. Бог ни вели во Куранот:
„Зарем не знаат неверниците дека небесата и Земјата беа една поврзана целина, па Ние ја распарчивме...?“(Куран, 21: 30)
Д-р Алфред Кронер е еден од светски реномираните геолози. Тој е професор по геологија и шеф е на катедрата на одделот за геологија на Институтот по геолошки науки на универзитетот Јоханес Гутенберг во Маинз, Германија. Тој рекол: „Размислувајќи, од каде дошол Мухамед... мислам дека е скоро невозможно тој да знаел за овие работи, како што е необичното настанување на универзумот, бидејќи научниците ги откриле овие работи дури во изминатите неколку години, со многу комплицирани и напредни методи на технологијата, како и во овој случај.“
Исто така рекол: „За некој кој пред илјада и четиристотини години не знаел ништо за нуклеарната физика, мислам дека не можел да биде во состојба само така, од свој памет, да ги знае тие работи, како за пример, дека Земјата и небото имаат исто потекло.“
__________________
Subscribe to:
Posts (Atom)