Monday, July 04, 2011

Куранот и суннетот за методите за ублажување на болките


Куранот и суннетот за методите за ублажување на болките


Куранот и суннетот за методите за ублажување на болките
Аллах, џ.ш. вели, во превод на значењето: “И кога таа слушна за нивното озборување, прати по нив, и им ги подготви гозба, им даде на секоја од нив нож и му рече (на Јусуф): “Излези пред нив!“ А кога тие го погледнаа, му се восхитија на убавината негова и по рацете свои се исекоа(запрепастени): „Боже, Боже!“ - извикнаа - „Ова не е човек, ова е благороден мелек.“(Јусуф, 31)
Поголемиот број на начници се сложуваат дека Пратеникот Јусуф, а.с., немал конкурент во отменоста и убавиот изглед, до таа мера што група на жени кои биле повикани од страна на азиз (титула дадена на крал во одреден временски период) да го видат, заборавиле дека имаат ножеви во своите раце и место да го сечат овошјето, тие си ги исечиле сопствените раце, а да тоа не го ни почуствувале.
Приказната може да биде неверојатна и неуверлива за неверниците, но науката, со посретсво на научни методи и анатомијата, имаат поинакво мислење кое во потполност е компатабилно со горе наведениот ајет.

Дистракција или одвраќање на внимание – за да се ублажат болките

Промената на перцептивната концентрација предизвикана со било што, што ги пренасочува мислите денес е факт во кој науката верува.
Во тој процес човекот, под влијание на одредени дистрактори, почнува да заборава, односно станува изолиран од своите болки. Дневните соништа и гледањето на ТВ е убав пример, прво внатрешен процес, додека второ е надворешен процес при кој конценрацијата на некоја личност која е крајно вознемирена и во потполност се насочува на друга престава (дистрактор).
Нема сомнеж, како што вели науката, дека најефективен дистрактор кој ќе завладее со телото е оној кој го одвлекува вниманието на центарот за вид, слух, вкус, мирис и чуство.
Во експериментите, кои ги направиле истражувачите во едукациската болница, некои луѓе, во текот на операцијата, биле изложени на фасцинантни призори, покрај пропишаните лекови, и резултатите биле извонредни во споредба со резултатите на некои луѓе кои не го примале ова додатно изложување, т.е лекот за промена на перцептивната концентрација.
Ова истражување, во кое лекарите препорачуваат покрај пропишаните или традиционални лекови користење и на додатни начини за да се намалат болките, е објавено во весникот “Чест“. На интернет страницата на ББЦ е објавено истражувањето под име “The return to nature", во кое др. Геел Хопкинс вели: “Ние успеавме да ги ублажиме болките на нашите пациенти изложувајќи ги на некои убави призори и музика. Ова им помогна доста многу во минимизирањето на ефектот на психолошка и физичка напнатост.“
Со употребата на функционални зраци врз мозокот кои ги прикажуваат апсорпцијата на крвта и храната во нервните ќелии, докажано е дека, кога личноста ќе се изложи на било што, а при тоа, тоа и предизвикува диструкција на концентрацијата, нивото на активност во некои подрачја на мозокот е намален. Тие места, како што е хипоталамбусот, цингулат гурус, сенсори кортекс и постцентрал гурус, се одговорни за примањето на чуството (доживувањето) на болка. Активноста во некои делови на мозокот се зголемува со излачувањето на ендорфинот кој делува на рецепторите за болка како опијат.

Преведено од:ИсламБосна
www.islamski-centar

Friday, April 15, 2011

Муслиманите во Америка пред Колумбо?!
















Колумбо, во неговите списи признал дека, додека неговиот брод пловел во близината на Гибар на северо-источниот брег од Куба, забележал џамија на врвот од една убава планина. Остатоци на џамии и минариња со натписи на курански ајети се откриени во Куба, Мексико, Тексас и Невада.

Намерата со овој труд во прв ред е накратко да се резимира (хипо) тезата на д-р Јусуф Мруеха за доаѓањето на муслиманите на Американското тло пред Кристофер Колумбо, која ја експлицирал на страниците на интернет, но и поради неможноста за една сериозна критика на неговите идеи, на крајот само многу кратко ќе се осврнеме на заклучната мисла на овој автор.

Во воведниот дел од својот текст, авторот наведува дека различни показатели укажуваат на тоа дека муслиманите од Шпанија и Западна Африка на Американското тло пристигнале барем најмалку пет века пред Колумбо.
Така на пример, е забележано дека во средината од десеттиот век, за време на владеењето на умајдскиот халифа Абдур-Рахман ΙΙΙ (929-961), муслиманите од редовите на африканските домородци тргнале со свои бродови од шпанското пристаниште Делба (Palos) на запад кон „Океанот на маглата и темнината“.



Тие по долгото отсуство, се вратиле натоварени со различни богатства од “чудната и необична земја“. Истотака, авторот наведува дека најмалку два документи укажуваат на присуство на муслиманите во шпанска Америка пред 1550 (по поразот од последните упоришта на шпанско тло, Гранада, муслиманите побегнале или преминувале во христијанство за да се заштитат од инквизацијата) и покрај фактите за декртетот од 1539 издаден од страна на Карло V, кралот на Шпанија, со кој им се забранува на внуците на муслиманите кои биле запалени на клади од страна на Инквизацијата да се иселат во западна Индија.
Овој декрет е потврден 1543 год., а потоа се открива наредбата за протерување на сите муслимани од прекуморските шпански територии.

На крајот од воведот авторот прави поделба на сите показатели:
1) историски документи
2) географски истражувања
3) арапски (исламски) знаци



Историски документи

а) Муслиманскиот историчар и географ, Ебу Али Хасан Ибн Ел-Хусеин Ел-Mасуди (871-957 н.е.) напишал во својата книга “Долини на злато и скапоцени камења“ дека за времето на халифот (шпанскиот Халифат) Абдуллах Ибн Мухамед (888-912.) н.е., муслиманскиот морепловец Ибн Хашхаш Саед Ибн Aсвад од Кордоба во Шпанија испловил од Делба (Palos) 889 н.е., го преминал Атлантикот, стигнал до непозната територија (Аrd Majhoola) и се вратил со огромно богатство. На Ел-Масудиевата карта на светот е обележан голем простор во океанот на маглата и темнината (Атланскиот океан), кој што тој го смета како непозната територија (Америка).

б) Муслиманскиот историчар Ебу Бакр ибн Омар ел- Гатијјa пренесува дека за времето на халифот Хишам II (967-1009 н.е.), уште еден муслимански морепловец Ибн Фарук, од Гранада испловува од Кадеш (февруари 999, н.е.) во Атлатикот, пристига во Гандо (Големите канарски острови)го посетува кралот Гуанаринг, и продолжува кон запад каде гледа и ги именува двата острови, Капраир и Плуитан. Се вратил назад во мај 999.

в) Колумбо испловил од Делба во Шпанија. Пристигнал до Гомера (канарските острови –Гомера е арапски збор што значи мал факел) таму се вљубува во Беатриз Бабадила, ќерка на првиот командант на овие острови (семејното име Бабадилла е изведено од арапското име Абодубдилла) Втор Бобадилла (Франциско), подоцна како кралски функционер го затвора Колумбо и го враќа назад од Санта Доминго во Шпанија (ноември 1500). Фамилијата Бобадилла биле во врска со династијата Аббадид во Севиља (1031-1091)

Во октомври 1492 г Колумбо пристига на еден мал остров на Бахамите, кој домородците го нарекувале Гуанахани, а Колумбо го преименува во Сан Салвадор.
Ова име е изведено од Мандинга (народ од Западна Африка кој најмногу придонесол за ширењето на исламот) и модифицирани арапски зборови. Гуана (ихвана) значи “браќа“, а Хани е арапско име. По тоа е оргиналното име на островот “Ханини браќа“.
Фернанд Колумбо, синот на Кристофер, пишувал за црнците кои неговиот татко ги видел во Хондурас:
„Луѓето кои живеат источно од Поинт Кавинас, сè до местото Кејп Грациос, се речиси со потполно црна кожа.“
Во истовреме во овој ист регион, живеело и муслиманско племе на домородци познати како Алмаму. На јазикот на Мандинга и арапскиот јазик Алимаму означува “Ел-Имам“, односно лице кое ја предводи молитвата, или во некои случаи значи поглавар на заедницата (или членови на имамот во муслиманската заедница).

Познатиот американски историчар и лингвист Лав Вајнер од универзитетот Харвард, во својата книга „Африка и откривањето на Америка“ (1920) пишува дека Колумбо бил добро свесен за присуството на Мандинга во Новиот свет и дека муслиманите од Западна Африка се рашириле преку Карибите, Централна, Јужна и Северна Америка (вклучувајќи ја и Канада) каде што тргувале и роднински се врзувале за локалните индијанци.

Географски истражувања

1) Познатиот муслимански географ и картограф Ел-Шариф ел-Идризи (1099-1166) во својата позната книга „Нузхат ел-Мусхтак фи-икхтурак ел-Афак (Сакано патување во пронаоѓањето сфери)“ пишува дека група морепловци (од северна Африка) впловила во океанот на магла и мрак (Атлантикот) од Лисабон (Португалија), со цел да ги открие неговите тајни и одреди до каде се протега. Конечно тие доспеале до остров на кој биле луѓе и некој вид на цивилизација... Четвртиот ден, толкувачот им се обраќа на арапски јазик.

2) Енциклопедиите на муслиманските научници спомнуваат детално забележани описи на патот низ океанот на маглата и мракот по кој се упатува шејхот Зејнеддин Али бен Фадл ел-Мазандарани. Неговиот пат започнал од Тарфав (Јужно Мароко) за време на владеењето на кралот Ебу Јакуб Сиди Јусуф (1286-1307) шести од маринидската династија, до Зелените острови во Карипското море 1291 г. Детали од ова прекуокеанско патување се спомнати во енциклопедијата на исламски научници, така што многу научници биле свесни за овие забележани настани.

3) Муслиманскиот историчар Шихабуддин Ебу Абас, Ахмед бен Фадл Ел-Омер (1300-1384) во детали ги опишал географските истражување на морето на магла и темнина превземени од страна на Султанот на империјата на Мали во неговата позната книга, "Ал-Masaalik absaar Mamaalik fi Ал amsaar (Патеки на знаење во провинциите на кралствата).

4) Султан Maнсa Kaнкан Муса (1312-1337) бил светски познат Maндинга владетел на западно афричката исламската империја на Мали. Додека патувал во Мека за време на неговиот познат аџилак 1324 ги информира научниците на мaмелискиот султански двор (владеел Насруддин Мухамед III 1309-1340) во Каиро дека неговиот брат, Султан Ебу Bекр (1285-1312) преземал две експедиции во Атлантскиот Океан. (Дека султанот не се вратил во Тимбукту од второто патување 1311, така Maнсa Муса станал султан.)

Кулумбо и раните шпански и португалски истражувачи биле во можност да отпловат преку Атланскиот океан (пат околу 24000 километри) благодарение на географските извештаи и навигациски инструкции од делата на муслимански автори, што особено се однесува мапите нагласени од страна на муслиманските трговци, вклучувајќи го и Ел-Масуди (во неговата книга „Akhbar az-Zaman“ (Историјата на светот) која е базирана врз материјал собиран во Африка и Азија). Друг интересен факт е дека двајцата капетани на Колумбо од неговото прво патување (Мартин Алонсо Пижон – капетан на бродот ’Пинта’ и неговиот брат Висенте Јанекс Пижон – капетан на бродот ’Нина’) биле поврзани со фамилијарна врска со мароканскиот султан на маринидиската династија (Абизван Мухаммед III, 1362-1366)

Арапски (исламски) знаци

1)Антрополозите укажуваат дека Мандинго под владеењето на султанот Maнсa Муса истражувале многу делови од Северна Америка, по должината на реката Мисисипи и други речни системи. На местото Фоур Корнерс, Аризона записите покажуваат дека тие донеле дури и слонови од Африка и во овој регион.

2)Колумбо, признал во своите дела дека во понеделник, 21 октомври 1492, додека неговиот брод пловел во близина на Гибарa на северо-источниот брег на Куба, видел џамија на врвот од една убава планина. Остатоци на џамии и минариња со натписи на курански ајети се откриени во Куба, Мексико, Тексас и во Невада.

3) За време на својата втора експедиција, Колумбо слушнал од хаитските индијанци дека црнци веќе биле на островот пред неговото доаѓање. Како доказ, тие на Колумбо му покажале копја кои биле направени од овие африкански муслимани. Овие орудија биле направени од жолт метал кого индијанците го нарекувале Гуанин (збор, кој во западна Африка значи ’златна легура’). Колумбо понел нешто од тоа орудије со себе во Шпанија и дал да се испита. Металот од кој биле направени копјата содржеле потполно ист процент на злато, сребро и бакар како и металот произведуван во африканската Гвинеја.

4) На третото патување во Новиот свет, Колумбо го видел континентот на Јужна Америка, каде што некои членови од неговиот екипаж се истовариле и во контактот со домородците дошле до живописни марами, памучни ткаенини со стил, боја и дизајн кои потсетувале на оние во западна Африка (тој ги нарекол Aлмајзарс, што е арапскиот збор за облека со која се покрива човекот). Тој исто така бил изненаден со тоа што мажените жени носеле памучни панталони (брагаз), што го навело да се запраша каде тие домородки се научиле на таква пристојност.
Хернандо Кортез, шпански освојувач, истотака ги опишал фустаните на индијанките како долги покриени превези, а машката облека како облека “дизјанирана“ во стилот на шпанските Маври.

5) Д-р Бери Фел (од Универзитетот Харвард) во својата книга „Сага Америка“ претставува цврсти научни показатели кои ја поддржуваат тезата за присуството на муслиманите во американскиот континент пред Колумбо. Д-р Фел открил постоење на муслимански училишта во местата Valley of Fire, Allan Springs, Logomarsino, Keyhole Canyone, Washoe and Hickison Summit Pass (Невадa), Mesa Verde (Колорадo), Mimbres Valley (Ново Мексико) и Tipper Canoe (Индијана) кои датираат помеѓу 700-800 година.
Тој пронашол текстови, дијаграми и табели, врежани на карпи, како и фрагменти од последните остатоци од она што некогаш било образовен систем (и од основно и средно ниво). Инструкциите биле пишувани со старо куфско писмо, а се занимавале со разни области на науката (религија, историја, аритметика, астрономија, итн)

6) Постојат 565 имиња на разни места (истотака и планини, езера, реки, и сл) во САД (484) и Канада (81), кои можат да се изведат од арапските и исламските корени. Овие места во најголем број случаи се именувани од страна на домородците во периодот пред Колумбо. Некои од овие места се именувани како: Mecca (Индијана), Mekkah (индијанско племе - Вашингтон), Medina (Ајдахо), Medina (Њујорк), Medina (Охајо), Mahomet (Илиноис), итн. Внимателното проучување на имињата на индијанските племиња, исто така, би покажало дека многу од нив се со потекло од арапско-исламски корени.

Како заклучок од своето излагање, кое според него, е врз основа на историски, географски и лингвистички факти, авторот повикува на прослава на милениумот на муслиманското доаѓање на американски терен (996-1996), пет века пред Колумбо, со надеж дека оваа идеја ќе наиде на поширока поддршка и разбирање.



www.islamski-centar.org

Monday, March 28, 2011

МУСЛИМАНСКИ ИЗУМИТЕЛИ ШТО ГО ПРОМЕНИЈА СВЕТОТ ВТОР ДЕЛ

11. Универзитет - Во 859 година принцезата Фатима ал-Фихри го основала првиот универзитет кој доделувал дипломи во мароканскиот град Фес. Нејзината сестра ја основала соседната џамија и заедно комплексот станал al-Qarawiyyin џамија и училиште. Сè уште функционира и после 1200 години потсетувајќи ги луѓето дека знаењето и школувањето е основа на исламската традиција.






12. Алгебра - Овој термин доаѓа од персискиот математички трактат „Kitab al-Jabr Wa l-Mugabala“ кој потекнува од 9 век и во превод би бил „Книга за промислувањето и балансирањето“. Изградена врз основите на грчкиот и хинду системот, алгебрата била единствен систем за броеви и геометрија.







13.Четка за заби - самиот Мухамед a.s. ја популаризирал употребата на четката за заби околу 600-тата година. Користејќи се со гранче од дрвото Meswak, си ги чистел забите и го освежувал здивот. Супстанци слични на Meswak се користат во модерните пасти за заби.








14.Болница - Болниците какви што ги познаваме денес, со медицински персонал и специјални сали, доаѓаат од Египет од 9 век. Првиот таков медицински центар била болницата Ahmad ibn Tulun основана во 872 година во Каиро. Оваа институција им обезбедувала бесплатна нега на сите оние на кои им била потребна, што е политика базирана на муслиманската традиција да се води грижа за болните. Од Каиро таквите болници понатаму се рашириле по исламскиот свет.













15. Ветерниците се измислени во 634-та од еден персијски калиф кој ги користел за мелење жито и наводнување. Сето ова се случувало околу 500 години пред Европа да ја види првата ветерница.











16. Вакцините се уште еден муслимански изум во здравството. Тие во Европа стигнуваат во 1724-та, преку жената на британскиот амбасадор во Истанбул. Речиси 50 години пред западот да почне да зборува за заштита, децата во Турција добивале вакцини за сипаници.

МУСЛИМАНСКИ ИЗУМИТЕЛИ ШТО ГО ПРОМЕНИЈА СВЕТОТ ПРВ ДЕЛ

МУСЛИМАНСКИ ИЗУМИТЕЛИ ШТО ГО ПРОМЕНИЈА СВЕТОТ


Кафето, чековите и три различни јадења на оброк се само дел од муслиманските изуми кои целосно го имаат променето секојдневниот живот на светско населние. Пред отворањето на својата најнова изложба, британскиот писател Paul Vallely направи список на 20 највлијателни мулсимански изуми.

1. Според легендата Арапот Калид кој ги одгледувал своите кози во регионот Кафа во Јужна Етиопија, приметил дека стоката е посебно жива откако ќе ги изеде плодовите од едно растение. Први луѓе за кои документирано се знае дека пиеле кафе се муслиманиските верници од Јемен, на кои кафето им помагало да останат будни за време на цело вечерните молитви. До крајот на 15 век, кафето стигнува во Мека и Турција. Во 1645 со извозот на кафе во Венеција, тоа премиерно се претставува пред европската публика. Арапскиот збор qahwa се претопува во турскиот збор kahve од што излегуваат италијанското caffe и англиското coffeе.






2. Старите Грци сметале дека нашите очи пуштаат зраци, нешто како ласери, и на тој начин ние можеме да гледаме. Во 10 век, муслиманскиот математичар Ибн ал-Хаитхам открива дека светлината всушност влегува во нашите очи а не излегува. Тој го измислил првиот фотоапарат (камера) без леќи, откако забележал како светлината влегува низ затворени ролетни. Колку била помала дупката толку била подобра сликата, по неколку обиди тој ја создал Camera Oscura (oд арапскиот збор qamara - кој значи темна или приватна соба).



Ал-Хаитхам е заслужен и за преминувањето на физиката од филозофска во експериментална активност.


3.Бета верзијата на шахот создадена во Индија од каде стига во Персија каде муслиманите ја до усовршуваат. Од таму Маврите во 10 век, преку Шпанија ја шират играта на запад во Европа а истовремено се шири и на исток кон Јапонија.








4. Илјадници години пред браќата Рајт, муслиманскиот поет, астроном, музичар и инженер Абас ибн Фирнас имал неколку обиди за создавање на летачка машина. Во 852-та година тој го прави својот прв обид од минарето на Големата Џамија во Кордоба од каде скока со направа составена од големо платно зацврстено со неколку долги стапови. Тој се надевал дека ќе може да лебди како птица но тоа не му успеало. За среќа ткаенината му го успорила падот и тој преживеал. Во секој случај тоа завршило како прв регистран случај на падобранство. По уште неколку децениска упорност во 875-та, на 70 години тој го има својот последен обид, но сега со усовршена машина составена од свила и пердуви од орел. Овојпат, полетува од планина и успева да се одржи во воздух подолго од 10 минути, по што паѓа на земја. Во чест на големиот измутел, аеродромот во Багдад и еден кратер на месечината го носат неговото име.









5. Перењето и бањањето се религиозни задолженија на Муслиманите, поради што тие со тек на време усовршуваат правење на сапун. Иако Египјаните имале некој вид на сапун, како и Римајните кои сапунот го користеле како помада, Арабите се тие што го измислиле денешниот сапун. Тие се првите кои искомбинирале растителни масла, натриум хидроксид и миризливи масла. За Арапите една од главните карактеристики по која ги препознавале Крстоносците, била нивната ужасна миризба. Освен сапунот, тие се одговорни и за шампонот кој прв пат бил пренесен во Европа во 1759-та од муслиманските трговци.










6. Процесот на одделување на течностите според нивната точка на вриење е откриен околу 800-та година од еден од најголемите муслимански научници Џабир ибн Хајан. Тој е одговорен и за трансформацијата на алхемијата во хемија, откривање на голем број процеси и машини кои се користат и денес: кристализација, дестилација, пурификација, оксидација, испарување и филтрирање. Тој ги открил и сулфурната и азотната киселина. Џабир е инвенторот и на дестилаторот со што на светот му ги дава првите парфеми и алкохолни пијалоци (иако пиењето било забрането). Како татко на модерната хемија тој посебно се залагал за систематско експериментирање.







7. Коленесто вратило (радилица), направата која го префрла кружното движење во линиско, е централен дел на најголем број од модерната машинерија во светот. Изумот кој е дело на брилијантниот муслимански инженер ал-Џазри, бил дел од арапските системи за наводнување. Неговата книга од 1206-та Book of Knowledge of Ingenious Mechanical Devices покажува дека тој ги измислил или усовршил автомобилските вентили и клипови, и е прадедото на роботиката. Меѓу неговите 50-на пронајдоци се наоѓа и шифруваната брава.








8. Изолација, метод на шиење во кој две парчиња на ткаенина се опшиваат околу изолационен материјал. Се уште не е точно утврдено дали ова е измислено во муслиманскиот свет или пронајдокот е увезен од Кина но во секој случај сигурно е дека крстоносците го имаат украдено овој занает од муслиманите. Тие прв пат го забележале ова кај Сараценските воини, кои наместо оклоп носеле кошули наполнети со слама. Изумот веднаш бил пренесен во Европа каде се користи во создавањето на потопла облека за наслението во северните краеви на континентот.








9. Зашилените сводови, заштитниот знак на европските готски катедрали, всушност се изум позајмен од муслиманската архитектура. Тие биле доста појаки од заоблените римски сводови, што дозволило изградба на поголеми, повисоки и покомплексни градби. Останатите архитектонски позајмици вклучуваат, витражни стакла и изградба на куполи. Самите европските дворци се всушност адаптирана копија на палатите од исламскиот свет - процепи за стрелци, одбрамбени ѕидови, стражарски кули и патеки за стрелци.









10. Голем број од денешните хируршки инструменти го имаат истиот дизајн како оние создадени во 10-от век од муслиманскиот хирург ал-Захрави. Неговите скалпели, пили за коски, медицински клешти и уште 200 пронајдоци се препознатливи за сите денешни хирурзи. Тој исто така бил прв кој открил дека цревата од одредни животни по некое време сами се распаѓаат, поради што можеле да бидат искористени за шиење на оперираните пациенти. Со помош на цревата тој ги создал и првите капсули за пиење. Друг муслимански доктор, ибн Нафис, ја опишал циркулацијата на крвта 300 години пред да ја открие Вилијам Харви. Муслиманските доктори исто така ги измислиле и првите анестетици (од опиум и алкохол) и шупливи игли кои ги користеле за отстранување на катаракта, кои се користат до ден денешен.

Опис на вселената во Куранот-2 дел

Опис на вселената во Куранот-Прв дел

Thursday, March 17, 2011

Црвојадини(worm hole)

















15:14. А Ние да им отворевме врата на небесата... па, да се искачеа преку неа,(Куран)


Црвојадините (worm hole) се „чудна последица“ од Ајнштајновата Општа теорија на релативност. Овие таканаречени „кратенки“ низ времето и просторот можат да поврзат две различни места во Вселената. Дури можат да поврзат и две различни вселени. Ова, исто така, води до можноста за патување меѓу две точки во времето.
Овие чудни објекти им дадоа голема инспирација на писателите на научна фантастика и филмските сценаристи. Но, зад нив стои и физика, која може да ги објасни. Сега се чини, според теоријата, дека црвјите јами можат да генерираат свое магнетно поле. Дали ова може да се искористи за да се пронајдат црвји јами во нашата видлива Вселена?


Уметнички приказ на влез во црвја јама

Во публикација, издадена минатиот месец, Мубашер Џамил (Mubasher Jamil) и Мунир Армад Рашид (Muneer Ahmad Rashid) од Националниот Универзитет за наука и технологија од Пакистан ги истражувале својствата на споро-ротирачка црвји јами и ефектите што тие ги дава на околниот простор. Нивните пресметки претпоставуваат дека облак од наелектризирани честички (електрони) е гравитациски привлечен и, како што црвјата јама ротира, го влече со себе. Овој приод веќе се користеше кај споро-ротирачките компактни ѕвезди и нивниот ефект врз околната ѕвездена плазма.






Графички приказ на истражувањето што го спроведоа пакистанските научници

Ако тоа што се предвидува за гравитациското привлекување е точно, тогаш според Ајнштајновата Општа теорија на релативност ќе настане закривување на простор-времето. Најдобар начин да го објасниме ова е да замислиме тешка топка на еластично платно. Од тежината, топката го искривува платното надолу во конусна форма. Ако топката се врти, тогаш триењето ќе предизвика платното да се деформира на друг начин, да ја губи својата форма. Ако се примени оваа идеја на простор-времето (еластичното платно) и имате споро-ротирачка црвја јама (топката), тогаш деформацијата на простор-времето ќе предизвика ефект на повлекување на околните честички, предизвикувајќи тие да се вртат со црвјата јама.
Е, тука стапува на сцена истражувањето на пакистанските научници. Ако имате ротирачка маса од наелектризирани честчки, тогаш може да биде генерирано магнетно поле. Според ова, теоретски споро-ротирачка црвја јама може да има свое магнетно поле.
Дали ова поле може да се детектира со инструменти? Тоа зависи од степенот на закривеноста на просторот. Колку е помала црвјата јама, толку е помала и густината на ротирачките наелектризирани честички. Теоретски, природните црвји јами би требало да бидат микроскопски. Исто така, треба да бидете многу блиску до влезот на црвјата јама за да го измерите полето. Се чини дека можноста за детектирање на црвја јама ќе остане во доменот на непознатото, барем засега...

Tuesday, February 01, 2011

Ветрови кои оплодуваат


Научни докази во Куранот: Ветрови кои оплодуваат. .





Во еден Курански ајет се обрнува внимание на „оплодување“, како особина на ветрот, чија последица е создавањето на дождот:
„Ние испраќаме ветрови да оплодуваат, а од небото спуштаме дожд да имате што да пиете-вие со тоа не можете да располагате.“ (Ал-Хијр, 22)

Во ајетот се потенцира дека во првата фаза на настанокот на дождот се наоѓаат ветровите. Меѓутоа, се до почетокот на ХХ век, беше познато само тоа дека ветрот ги разнесува облаците, кои се единствена врска помеѓу ветрот и паѓањето дожд. Но, што се однесува до откритијата на модерната метеорологија, таа покажа дека ветровите имаат улога на „оплодување“ при настанокот на дождот.Оваа улога на оплодување се одвива на следниот начин: Поради пенливоста, на површината на океанот и морето константно доаѓа до формирање на безброј воздушни меури. Во мигот на распрснување на овие меури, во воздухот се исфрлаат илјадници делови со големина 1/100 милиметар. Овие делови, наречени „аеросоли“, помешани со прашината од копното, со помош на ветровите се пренесуваат во горните слоеви на атмосферата. Аеросолите, кои на тој начин, со помош на ветровите се искачиле на голема височина, овде доаѓаат во допир со водената пареа. Водената пареа околу овие аеросоли се кондензира и се претвора во водни капки. Со концентрирање на едно место, овие водни капки претходно формираат облак, а потоа во вид на дожд се спуштаат на земјата.

Како што може да се забележи, ветровите вршат „оплодување“ на аеросолите со водена пареа, која во слободен облик се наоѓа во атмосферата и на тој начин го обезбедуваат формирањето на дождовните облаци. Во случај ветрот да не ја поседува оваа особина на оплодување, во високата атмосфера никогаш не би можело да дојде до формирање на водни капки, па аналогно на тоа, не би постоело ни нешто што се вика дожд. Важниот момент овде е тој дека оваа критична улога на ветрот во настанокот на дождот, со векови наназад е соопштена во Куранскиот ајет. И тоа во еден историски период кога човекот речиси ништо не знаел за природните појави...

Брановите се формираат со помош на ветровите кои удираат над површината на водата. Водните зехри, заедно со ветрот, почнуваат со кружно движење. Ова движење по кратко време ќе формира бранови кои се наоѓаат еден зад друг, а воздухот ќе исполни балони кои настануваат заедно со брановите. Ова е прва фаза на настанокот на дождот. Исто така во Куранот се посочува на фактот дека ветровите се наоѓаат во првата фаза на создавањето на дождот.
Превод : M.А., Рецезент: Љ. Т.