Showing posts with label црвојадини црни дупки. Show all posts
Showing posts with label црвојадини црни дупки. Show all posts
Thursday, March 17, 2011
Црвојадини(worm hole)
15:14. А Ние да им отворевме врата на небесата... па, да се искачеа преку неа,(Куран)
Црвојадините (worm hole) се „чудна последица“ од Ајнштајновата Општа теорија на релативност. Овие таканаречени „кратенки“ низ времето и просторот можат да поврзат две различни места во Вселената. Дури можат да поврзат и две различни вселени. Ова, исто така, води до можноста за патување меѓу две точки во времето.
Овие чудни објекти им дадоа голема инспирација на писателите на научна фантастика и филмските сценаристи. Но, зад нив стои и физика, која може да ги објасни. Сега се чини, според теоријата, дека црвјите јами можат да генерираат свое магнетно поле. Дали ова може да се искористи за да се пронајдат црвји јами во нашата видлива Вселена?
Уметнички приказ на влез во црвја јама
Во публикација, издадена минатиот месец, Мубашер Џамил (Mubasher Jamil) и Мунир Армад Рашид (Muneer Ahmad Rashid) од Националниот Универзитет за наука и технологија од Пакистан ги истражувале својствата на споро-ротирачка црвји јами и ефектите што тие ги дава на околниот простор. Нивните пресметки претпоставуваат дека облак од наелектризирани честички (електрони) е гравитациски привлечен и, како што црвјата јама ротира, го влече со себе. Овој приод веќе се користеше кај споро-ротирачките компактни ѕвезди и нивниот ефект врз околната ѕвездена плазма.
Графички приказ на истражувањето што го спроведоа пакистанските научници
Ако тоа што се предвидува за гравитациското привлекување е точно, тогаш според Ајнштајновата Општа теорија на релативност ќе настане закривување на простор-времето. Најдобар начин да го објасниме ова е да замислиме тешка топка на еластично платно. Од тежината, топката го искривува платното надолу во конусна форма. Ако топката се врти, тогаш триењето ќе предизвика платното да се деформира на друг начин, да ја губи својата форма. Ако се примени оваа идеја на простор-времето (еластичното платно) и имате споро-ротирачка црвја јама (топката), тогаш деформацијата на простор-времето ќе предизвика ефект на повлекување на околните честички, предизвикувајќи тие да се вртат со црвјата јама.
Е, тука стапува на сцена истражувањето на пакистанските научници. Ако имате ротирачка маса од наелектризирани честчки, тогаш може да биде генерирано магнетно поле. Според ова, теоретски споро-ротирачка црвја јама може да има свое магнетно поле.
Дали ова поле може да се детектира со инструменти? Тоа зависи од степенот на закривеноста на просторот. Колку е помала црвјата јама, толку е помала и густината на ротирачките наелектризирани честички. Теоретски, природните црвји јами би требало да бидат микроскопски. Исто така, треба да бидете многу блиску до влезот на црвјата јама за да го измерите полето. Се чини дека можноста за детектирање на црвја јама ќе остане во доменот на непознатото, барем засега...
Subscribe to:
Posts (Atom)