Friday, April 15, 2011

Муслиманите во Америка пред Колумбо?!
















Колумбо, во неговите списи признал дека, додека неговиот брод пловел во близината на Гибар на северо-источниот брег од Куба, забележал џамија на врвот од една убава планина. Остатоци на џамии и минариња со натписи на курански ајети се откриени во Куба, Мексико, Тексас и Невада.

Намерата со овој труд во прв ред е накратко да се резимира (хипо) тезата на д-р Јусуф Мруеха за доаѓањето на муслиманите на Американското тло пред Кристофер Колумбо, која ја експлицирал на страниците на интернет, но и поради неможноста за една сериозна критика на неговите идеи, на крајот само многу кратко ќе се осврнеме на заклучната мисла на овој автор.

Во воведниот дел од својот текст, авторот наведува дека различни показатели укажуваат на тоа дека муслиманите од Шпанија и Западна Африка на Американското тло пристигнале барем најмалку пет века пред Колумбо.
Така на пример, е забележано дека во средината од десеттиот век, за време на владеењето на умајдскиот халифа Абдур-Рахман ΙΙΙ (929-961), муслиманите од редовите на африканските домородци тргнале со свои бродови од шпанското пристаниште Делба (Palos) на запад кон „Океанот на маглата и темнината“.



Тие по долгото отсуство, се вратиле натоварени со различни богатства од “чудната и необична земја“. Истотака, авторот наведува дека најмалку два документи укажуваат на присуство на муслиманите во шпанска Америка пред 1550 (по поразот од последните упоришта на шпанско тло, Гранада, муслиманите побегнале или преминувале во христијанство за да се заштитат од инквизацијата) и покрај фактите за декртетот од 1539 издаден од страна на Карло V, кралот на Шпанија, со кој им се забранува на внуците на муслиманите кои биле запалени на клади од страна на Инквизацијата да се иселат во западна Индија.
Овој декрет е потврден 1543 год., а потоа се открива наредбата за протерување на сите муслимани од прекуморските шпански територии.

На крајот од воведот авторот прави поделба на сите показатели:
1) историски документи
2) географски истражувања
3) арапски (исламски) знаци



Историски документи

а) Муслиманскиот историчар и географ, Ебу Али Хасан Ибн Ел-Хусеин Ел-Mасуди (871-957 н.е.) напишал во својата книга “Долини на злато и скапоцени камења“ дека за времето на халифот (шпанскиот Халифат) Абдуллах Ибн Мухамед (888-912.) н.е., муслиманскиот морепловец Ибн Хашхаш Саед Ибн Aсвад од Кордоба во Шпанија испловил од Делба (Palos) 889 н.е., го преминал Атлантикот, стигнал до непозната територија (Аrd Majhoola) и се вратил со огромно богатство. На Ел-Масудиевата карта на светот е обележан голем простор во океанот на маглата и темнината (Атланскиот океан), кој што тој го смета како непозната територија (Америка).

б) Муслиманскиот историчар Ебу Бакр ибн Омар ел- Гатијјa пренесува дека за времето на халифот Хишам II (967-1009 н.е.), уште еден муслимански морепловец Ибн Фарук, од Гранада испловува од Кадеш (февруари 999, н.е.) во Атлатикот, пристига во Гандо (Големите канарски острови)го посетува кралот Гуанаринг, и продолжува кон запад каде гледа и ги именува двата острови, Капраир и Плуитан. Се вратил назад во мај 999.

в) Колумбо испловил од Делба во Шпанија. Пристигнал до Гомера (канарските острови –Гомера е арапски збор што значи мал факел) таму се вљубува во Беатриз Бабадила, ќерка на првиот командант на овие острови (семејното име Бабадилла е изведено од арапското име Абодубдилла) Втор Бобадилла (Франциско), подоцна како кралски функционер го затвора Колумбо и го враќа назад од Санта Доминго во Шпанија (ноември 1500). Фамилијата Бобадилла биле во врска со династијата Аббадид во Севиља (1031-1091)

Во октомври 1492 г Колумбо пристига на еден мал остров на Бахамите, кој домородците го нарекувале Гуанахани, а Колумбо го преименува во Сан Салвадор.
Ова име е изведено од Мандинга (народ од Западна Африка кој најмногу придонесол за ширењето на исламот) и модифицирани арапски зборови. Гуана (ихвана) значи “браќа“, а Хани е арапско име. По тоа е оргиналното име на островот “Ханини браќа“.
Фернанд Колумбо, синот на Кристофер, пишувал за црнците кои неговиот татко ги видел во Хондурас:
„Луѓето кои живеат источно од Поинт Кавинас, сè до местото Кејп Грациос, се речиси со потполно црна кожа.“
Во истовреме во овој ист регион, живеело и муслиманско племе на домородци познати како Алмаму. На јазикот на Мандинга и арапскиот јазик Алимаму означува “Ел-Имам“, односно лице кое ја предводи молитвата, или во некои случаи значи поглавар на заедницата (или членови на имамот во муслиманската заедница).

Познатиот американски историчар и лингвист Лав Вајнер од универзитетот Харвард, во својата книга „Африка и откривањето на Америка“ (1920) пишува дека Колумбо бил добро свесен за присуството на Мандинга во Новиот свет и дека муслиманите од Западна Африка се рашириле преку Карибите, Централна, Јужна и Северна Америка (вклучувајќи ја и Канада) каде што тргувале и роднински се врзувале за локалните индијанци.

Географски истражувања

1) Познатиот муслимански географ и картограф Ел-Шариф ел-Идризи (1099-1166) во својата позната книга „Нузхат ел-Мусхтак фи-икхтурак ел-Афак (Сакано патување во пронаоѓањето сфери)“ пишува дека група морепловци (од северна Африка) впловила во океанот на магла и мрак (Атлантикот) од Лисабон (Португалија), со цел да ги открие неговите тајни и одреди до каде се протега. Конечно тие доспеале до остров на кој биле луѓе и некој вид на цивилизација... Четвртиот ден, толкувачот им се обраќа на арапски јазик.

2) Енциклопедиите на муслиманските научници спомнуваат детално забележани описи на патот низ океанот на маглата и мракот по кој се упатува шејхот Зејнеддин Али бен Фадл ел-Мазандарани. Неговиот пат започнал од Тарфав (Јужно Мароко) за време на владеењето на кралот Ебу Јакуб Сиди Јусуф (1286-1307) шести од маринидската династија, до Зелените острови во Карипското море 1291 г. Детали од ова прекуокеанско патување се спомнати во енциклопедијата на исламски научници, така што многу научници биле свесни за овие забележани настани.

3) Муслиманскиот историчар Шихабуддин Ебу Абас, Ахмед бен Фадл Ел-Омер (1300-1384) во детали ги опишал географските истражување на морето на магла и темнина превземени од страна на Султанот на империјата на Мали во неговата позната книга, "Ал-Masaalik absaar Mamaalik fi Ал amsaar (Патеки на знаење во провинциите на кралствата).

4) Султан Maнсa Kaнкан Муса (1312-1337) бил светски познат Maндинга владетел на западно афричката исламската империја на Мали. Додека патувал во Мека за време на неговиот познат аџилак 1324 ги информира научниците на мaмелискиот султански двор (владеел Насруддин Мухамед III 1309-1340) во Каиро дека неговиот брат, Султан Ебу Bекр (1285-1312) преземал две експедиции во Атлантскиот Океан. (Дека султанот не се вратил во Тимбукту од второто патување 1311, така Maнсa Муса станал султан.)

Кулумбо и раните шпански и португалски истражувачи биле во можност да отпловат преку Атланскиот океан (пат околу 24000 километри) благодарение на географските извештаи и навигациски инструкции од делата на муслимански автори, што особено се однесува мапите нагласени од страна на муслиманските трговци, вклучувајќи го и Ел-Масуди (во неговата книга „Akhbar az-Zaman“ (Историјата на светот) која е базирана врз материјал собиран во Африка и Азија). Друг интересен факт е дека двајцата капетани на Колумбо од неговото прво патување (Мартин Алонсо Пижон – капетан на бродот ’Пинта’ и неговиот брат Висенте Јанекс Пижон – капетан на бродот ’Нина’) биле поврзани со фамилијарна врска со мароканскиот султан на маринидиската династија (Абизван Мухаммед III, 1362-1366)

Арапски (исламски) знаци

1)Антрополозите укажуваат дека Мандинго под владеењето на султанот Maнсa Муса истражувале многу делови од Северна Америка, по должината на реката Мисисипи и други речни системи. На местото Фоур Корнерс, Аризона записите покажуваат дека тие донеле дури и слонови од Африка и во овој регион.

2)Колумбо, признал во своите дела дека во понеделник, 21 октомври 1492, додека неговиот брод пловел во близина на Гибарa на северо-источниот брег на Куба, видел џамија на врвот од една убава планина. Остатоци на џамии и минариња со натписи на курански ајети се откриени во Куба, Мексико, Тексас и во Невада.

3) За време на својата втора експедиција, Колумбо слушнал од хаитските индијанци дека црнци веќе биле на островот пред неговото доаѓање. Како доказ, тие на Колумбо му покажале копја кои биле направени од овие африкански муслимани. Овие орудија биле направени од жолт метал кого индијанците го нарекувале Гуанин (збор, кој во западна Африка значи ’златна легура’). Колумбо понел нешто од тоа орудије со себе во Шпанија и дал да се испита. Металот од кој биле направени копјата содржеле потполно ист процент на злато, сребро и бакар како и металот произведуван во африканската Гвинеја.

4) На третото патување во Новиот свет, Колумбо го видел континентот на Јужна Америка, каде што некои членови од неговиот екипаж се истовариле и во контактот со домородците дошле до живописни марами, памучни ткаенини со стил, боја и дизајн кои потсетувале на оние во западна Африка (тој ги нарекол Aлмајзарс, што е арапскиот збор за облека со која се покрива човекот). Тој исто така бил изненаден со тоа што мажените жени носеле памучни панталони (брагаз), што го навело да се запраша каде тие домородки се научиле на таква пристојност.
Хернандо Кортез, шпански освојувач, истотака ги опишал фустаните на индијанките како долги покриени превези, а машката облека како облека “дизјанирана“ во стилот на шпанските Маври.

5) Д-р Бери Фел (од Универзитетот Харвард) во својата книга „Сага Америка“ претставува цврсти научни показатели кои ја поддржуваат тезата за присуството на муслиманите во американскиот континент пред Колумбо. Д-р Фел открил постоење на муслимански училишта во местата Valley of Fire, Allan Springs, Logomarsino, Keyhole Canyone, Washoe and Hickison Summit Pass (Невадa), Mesa Verde (Колорадo), Mimbres Valley (Ново Мексико) и Tipper Canoe (Индијана) кои датираат помеѓу 700-800 година.
Тој пронашол текстови, дијаграми и табели, врежани на карпи, како и фрагменти од последните остатоци од она што некогаш било образовен систем (и од основно и средно ниво). Инструкциите биле пишувани со старо куфско писмо, а се занимавале со разни области на науката (религија, историја, аритметика, астрономија, итн)

6) Постојат 565 имиња на разни места (истотака и планини, езера, реки, и сл) во САД (484) и Канада (81), кои можат да се изведат од арапските и исламските корени. Овие места во најголем број случаи се именувани од страна на домородците во периодот пред Колумбо. Некои од овие места се именувани како: Mecca (Индијана), Mekkah (индијанско племе - Вашингтон), Medina (Ајдахо), Medina (Њујорк), Medina (Охајо), Mahomet (Илиноис), итн. Внимателното проучување на имињата на индијанските племиња, исто така, би покажало дека многу од нив се со потекло од арапско-исламски корени.

Како заклучок од своето излагање, кое според него, е врз основа на историски, географски и лингвистички факти, авторот повикува на прослава на милениумот на муслиманското доаѓање на американски терен (996-1996), пет века пред Колумбо, со надеж дека оваа идеја ќе наиде на поширока поддршка и разбирање.



www.islamski-centar.org

Monday, March 28, 2011

МУСЛИМАНСКИ ИЗУМИТЕЛИ ШТО ГО ПРОМЕНИЈА СВЕТОТ ВТОР ДЕЛ

11. Универзитет - Во 859 година принцезата Фатима ал-Фихри го основала првиот универзитет кој доделувал дипломи во мароканскиот град Фес. Нејзината сестра ја основала соседната џамија и заедно комплексот станал al-Qarawiyyin џамија и училиште. Сè уште функционира и после 1200 години потсетувајќи ги луѓето дека знаењето и школувањето е основа на исламската традиција.






12. Алгебра - Овој термин доаѓа од персискиот математички трактат „Kitab al-Jabr Wa l-Mugabala“ кој потекнува од 9 век и во превод би бил „Книга за промислувањето и балансирањето“. Изградена врз основите на грчкиот и хинду системот, алгебрата била единствен систем за броеви и геометрија.







13.Четка за заби - самиот Мухамед a.s. ја популаризирал употребата на четката за заби околу 600-тата година. Користејќи се со гранче од дрвото Meswak, си ги чистел забите и го освежувал здивот. Супстанци слични на Meswak се користат во модерните пасти за заби.








14.Болница - Болниците какви што ги познаваме денес, со медицински персонал и специјални сали, доаѓаат од Египет од 9 век. Првиот таков медицински центар била болницата Ahmad ibn Tulun основана во 872 година во Каиро. Оваа институција им обезбедувала бесплатна нега на сите оние на кои им била потребна, што е политика базирана на муслиманската традиција да се води грижа за болните. Од Каиро таквите болници понатаму се рашириле по исламскиот свет.













15. Ветерниците се измислени во 634-та од еден персијски калиф кој ги користел за мелење жито и наводнување. Сето ова се случувало околу 500 години пред Европа да ја види првата ветерница.











16. Вакцините се уште еден муслимански изум во здравството. Тие во Европа стигнуваат во 1724-та, преку жената на британскиот амбасадор во Истанбул. Речиси 50 години пред западот да почне да зборува за заштита, децата во Турција добивале вакцини за сипаници.

МУСЛИМАНСКИ ИЗУМИТЕЛИ ШТО ГО ПРОМЕНИЈА СВЕТОТ ПРВ ДЕЛ

МУСЛИМАНСКИ ИЗУМИТЕЛИ ШТО ГО ПРОМЕНИЈА СВЕТОТ


Кафето, чековите и три различни јадења на оброк се само дел од муслиманските изуми кои целосно го имаат променето секојдневниот живот на светско населние. Пред отворањето на својата најнова изложба, британскиот писател Paul Vallely направи список на 20 највлијателни мулсимански изуми.

1. Според легендата Арапот Калид кој ги одгледувал своите кози во регионот Кафа во Јужна Етиопија, приметил дека стоката е посебно жива откако ќе ги изеде плодовите од едно растение. Први луѓе за кои документирано се знае дека пиеле кафе се муслиманиските верници од Јемен, на кои кафето им помагало да останат будни за време на цело вечерните молитви. До крајот на 15 век, кафето стигнува во Мека и Турција. Во 1645 со извозот на кафе во Венеција, тоа премиерно се претставува пред европската публика. Арапскиот збор qahwa се претопува во турскиот збор kahve од што излегуваат италијанското caffe и англиското coffeе.






2. Старите Грци сметале дека нашите очи пуштаат зраци, нешто како ласери, и на тој начин ние можеме да гледаме. Во 10 век, муслиманскиот математичар Ибн ал-Хаитхам открива дека светлината всушност влегува во нашите очи а не излегува. Тој го измислил првиот фотоапарат (камера) без леќи, откако забележал како светлината влегува низ затворени ролетни. Колку била помала дупката толку била подобра сликата, по неколку обиди тој ја создал Camera Oscura (oд арапскиот збор qamara - кој значи темна или приватна соба).



Ал-Хаитхам е заслужен и за преминувањето на физиката од филозофска во експериментална активност.


3.Бета верзијата на шахот создадена во Индија од каде стига во Персија каде муслиманите ја до усовршуваат. Од таму Маврите во 10 век, преку Шпанија ја шират играта на запад во Европа а истовремено се шири и на исток кон Јапонија.








4. Илјадници години пред браќата Рајт, муслиманскиот поет, астроном, музичар и инженер Абас ибн Фирнас имал неколку обиди за создавање на летачка машина. Во 852-та година тој го прави својот прв обид од минарето на Големата Џамија во Кордоба од каде скока со направа составена од големо платно зацврстено со неколку долги стапови. Тој се надевал дека ќе може да лебди како птица но тоа не му успеало. За среќа ткаенината му го успорила падот и тој преживеал. Во секој случај тоа завршило како прв регистран случај на падобранство. По уште неколку децениска упорност во 875-та, на 70 години тој го има својот последен обид, но сега со усовршена машина составена од свила и пердуви од орел. Овојпат, полетува од планина и успева да се одржи во воздух подолго од 10 минути, по што паѓа на земја. Во чест на големиот измутел, аеродромот во Багдад и еден кратер на месечината го носат неговото име.









5. Перењето и бањањето се религиозни задолженија на Муслиманите, поради што тие со тек на време усовршуваат правење на сапун. Иако Египјаните имале некој вид на сапун, како и Римајните кои сапунот го користеле како помада, Арабите се тие што го измислиле денешниот сапун. Тие се првите кои искомбинирале растителни масла, натриум хидроксид и миризливи масла. За Арапите една од главните карактеристики по која ги препознавале Крстоносците, била нивната ужасна миризба. Освен сапунот, тие се одговорни и за шампонот кој прв пат бил пренесен во Европа во 1759-та од муслиманските трговци.










6. Процесот на одделување на течностите според нивната точка на вриење е откриен околу 800-та година од еден од најголемите муслимански научници Џабир ибн Хајан. Тој е одговорен и за трансформацијата на алхемијата во хемија, откривање на голем број процеси и машини кои се користат и денес: кристализација, дестилација, пурификација, оксидација, испарување и филтрирање. Тој ги открил и сулфурната и азотната киселина. Џабир е инвенторот и на дестилаторот со што на светот му ги дава првите парфеми и алкохолни пијалоци (иако пиењето било забрането). Како татко на модерната хемија тој посебно се залагал за систематско експериментирање.







7. Коленесто вратило (радилица), направата која го префрла кружното движење во линиско, е централен дел на најголем број од модерната машинерија во светот. Изумот кој е дело на брилијантниот муслимански инженер ал-Џазри, бил дел од арапските системи за наводнување. Неговата книга од 1206-та Book of Knowledge of Ingenious Mechanical Devices покажува дека тој ги измислил или усовршил автомобилските вентили и клипови, и е прадедото на роботиката. Меѓу неговите 50-на пронајдоци се наоѓа и шифруваната брава.








8. Изолација, метод на шиење во кој две парчиња на ткаенина се опшиваат околу изолационен материјал. Се уште не е точно утврдено дали ова е измислено во муслиманскиот свет или пронајдокот е увезен од Кина но во секој случај сигурно е дека крстоносците го имаат украдено овој занает од муслиманите. Тие прв пат го забележале ова кај Сараценските воини, кои наместо оклоп носеле кошули наполнети со слама. Изумот веднаш бил пренесен во Европа каде се користи во создавањето на потопла облека за наслението во северните краеви на континентот.








9. Зашилените сводови, заштитниот знак на европските готски катедрали, всушност се изум позајмен од муслиманската архитектура. Тие биле доста појаки од заоблените римски сводови, што дозволило изградба на поголеми, повисоки и покомплексни градби. Останатите архитектонски позајмици вклучуваат, витражни стакла и изградба на куполи. Самите европските дворци се всушност адаптирана копија на палатите од исламскиот свет - процепи за стрелци, одбрамбени ѕидови, стражарски кули и патеки за стрелци.









10. Голем број од денешните хируршки инструменти го имаат истиот дизајн како оние создадени во 10-от век од муслиманскиот хирург ал-Захрави. Неговите скалпели, пили за коски, медицински клешти и уште 200 пронајдоци се препознатливи за сите денешни хирурзи. Тој исто така бил прв кој открил дека цревата од одредни животни по некое време сами се распаѓаат, поради што можеле да бидат искористени за шиење на оперираните пациенти. Со помош на цревата тој ги создал и првите капсули за пиење. Друг муслимански доктор, ибн Нафис, ја опишал циркулацијата на крвта 300 години пред да ја открие Вилијам Харви. Муслиманските доктори исто така ги измислиле и првите анестетици (од опиум и алкохол) и шупливи игли кои ги користеле за отстранување на катаракта, кои се користат до ден денешен.

Опис на вселената во Куранот-2 дел

Опис на вселената во Куранот-Прв дел

Thursday, March 17, 2011

Црвојадини(worm hole)

















15:14. А Ние да им отворевме врата на небесата... па, да се искачеа преку неа,(Куран)


Црвојадините (worm hole) се „чудна последица“ од Ајнштајновата Општа теорија на релативност. Овие таканаречени „кратенки“ низ времето и просторот можат да поврзат две различни места во Вселената. Дури можат да поврзат и две различни вселени. Ова, исто така, води до можноста за патување меѓу две точки во времето.
Овие чудни објекти им дадоа голема инспирација на писателите на научна фантастика и филмските сценаристи. Но, зад нив стои и физика, која може да ги објасни. Сега се чини, според теоријата, дека црвјите јами можат да генерираат свое магнетно поле. Дали ова може да се искористи за да се пронајдат црвји јами во нашата видлива Вселена?


Уметнички приказ на влез во црвја јама

Во публикација, издадена минатиот месец, Мубашер Џамил (Mubasher Jamil) и Мунир Армад Рашид (Muneer Ahmad Rashid) од Националниот Универзитет за наука и технологија од Пакистан ги истражувале својствата на споро-ротирачка црвји јами и ефектите што тие ги дава на околниот простор. Нивните пресметки претпоставуваат дека облак од наелектризирани честички (електрони) е гравитациски привлечен и, како што црвјата јама ротира, го влече со себе. Овој приод веќе се користеше кај споро-ротирачките компактни ѕвезди и нивниот ефект врз околната ѕвездена плазма.






Графички приказ на истражувањето што го спроведоа пакистанските научници

Ако тоа што се предвидува за гравитациското привлекување е точно, тогаш според Ајнштајновата Општа теорија на релативност ќе настане закривување на простор-времето. Најдобар начин да го објасниме ова е да замислиме тешка топка на еластично платно. Од тежината, топката го искривува платното надолу во конусна форма. Ако топката се врти, тогаш триењето ќе предизвика платното да се деформира на друг начин, да ја губи својата форма. Ако се примени оваа идеја на простор-времето (еластичното платно) и имате споро-ротирачка црвја јама (топката), тогаш деформацијата на простор-времето ќе предизвика ефект на повлекување на околните честички, предизвикувајќи тие да се вртат со црвјата јама.
Е, тука стапува на сцена истражувањето на пакистанските научници. Ако имате ротирачка маса од наелектризирани честчки, тогаш може да биде генерирано магнетно поле. Според ова, теоретски споро-ротирачка црвја јама може да има свое магнетно поле.
Дали ова поле може да се детектира со инструменти? Тоа зависи од степенот на закривеноста на просторот. Колку е помала црвјата јама, толку е помала и густината на ротирачките наелектризирани честички. Теоретски, природните црвји јами би требало да бидат микроскопски. Исто така, треба да бидете многу блиску до влезот на црвјата јама за да го измерите полето. Се чини дека можноста за детектирање на црвја јама ќе остане во доменот на непознатото, барем засега...

Tuesday, February 01, 2011

Ветрови кои оплодуваат


Научни докази во Куранот: Ветрови кои оплодуваат. .





Во еден Курански ајет се обрнува внимание на „оплодување“, како особина на ветрот, чија последица е создавањето на дождот:
„Ние испраќаме ветрови да оплодуваат, а од небото спуштаме дожд да имате што да пиете-вие со тоа не можете да располагате.“ (Ал-Хијр, 22)

Во ајетот се потенцира дека во првата фаза на настанокот на дождот се наоѓаат ветровите. Меѓутоа, се до почетокот на ХХ век, беше познато само тоа дека ветрот ги разнесува облаците, кои се единствена врска помеѓу ветрот и паѓањето дожд. Но, што се однесува до откритијата на модерната метеорологија, таа покажа дека ветровите имаат улога на „оплодување“ при настанокот на дождот.Оваа улога на оплодување се одвива на следниот начин: Поради пенливоста, на површината на океанот и морето константно доаѓа до формирање на безброј воздушни меури. Во мигот на распрснување на овие меури, во воздухот се исфрлаат илјадници делови со големина 1/100 милиметар. Овие делови, наречени „аеросоли“, помешани со прашината од копното, со помош на ветровите се пренесуваат во горните слоеви на атмосферата. Аеросолите, кои на тој начин, со помош на ветровите се искачиле на голема височина, овде доаѓаат во допир со водената пареа. Водената пареа околу овие аеросоли се кондензира и се претвора во водни капки. Со концентрирање на едно место, овие водни капки претходно формираат облак, а потоа во вид на дожд се спуштаат на земјата.

Како што може да се забележи, ветровите вршат „оплодување“ на аеросолите со водена пареа, која во слободен облик се наоѓа во атмосферата и на тој начин го обезбедуваат формирањето на дождовните облаци. Во случај ветрот да не ја поседува оваа особина на оплодување, во високата атмосфера никогаш не би можело да дојде до формирање на водни капки, па аналогно на тоа, не би постоело ни нешто што се вика дожд. Важниот момент овде е тој дека оваа критична улога на ветрот во настанокот на дождот, со векови наназад е соопштена во Куранскиот ајет. И тоа во еден историски период кога човекот речиси ништо не знаел за природните појави...

Брановите се формираат со помош на ветровите кои удираат над површината на водата. Водните зехри, заедно со ветрот, почнуваат со кружно движење. Ова движење по кратко време ќе формира бранови кои се наоѓаат еден зад друг, а воздухот ќе исполни балони кои настануваат заедно со брановите. Ова е прва фаза на настанокот на дождот. Исто така во Куранот се посочува на фактот дека ветровите се наоѓаат во првата фаза на создавањето на дождот.
Превод : M.А., Рецезент: Љ. Т.

Tuesday, December 28, 2010

Исламот и науката 2 дел

Повер поинт презентација на предавање за Куранот и Науката




Watch live streaming video from islamskicentar at livestream.com

Monday, December 27, 2010

Науката и Исламот 1

Прв дел на предавање за Куранот и Науката 1-12 Сура(поглавје)

Sunday, November 21, 2010

Алберт Ајнштајн-Аллах е најголем

Еден од најголемите и најпознати научници на сите времиња, дошол до едно сознание при гледање во една мушичка.

Sunday, October 24, 2010

Куран за мозокот





Куранот за мозокот (церебрум)



Бог во Куранот рекол за еден од лошите неверници кои му забранувале на Веровесникот Мухамед да се моли во Ќаба:

„Но, не! Ако не престане со тоа, Ние навистина ќе го фатиме за чело, за челото лажно и грешно!“
(Куран, 96: 15 - 16)

Зошто Куранот ни опишува дека од предниот дел на главата, доаѓаат лажењето и грешењето? Зошто Куранот едноставно не вели дека таа личност е лажго и грешник? Која е врската меѓу предниот дел од главата и лажењето и грешењето?
Ако погледнеме во черепот на предниот дел од главата, ќе ја видиме префронталната област на мозокот. Што ни вели психологијата за функционирањето на оваа област? Книгата насловена како „Основите на анатомијата и психологијата“, за овие области ни вели: „Мотивацијата и намерата, за планирање и започнување на движења се случуваат во предниот дел на черепот, префронталната област. Ова е е регионот на асоцијативната кора.“ Исто така во книгата е напишано: „Во врска со вмешаноста на мотивацијата, префронталната област исто така се претпоставува дека е центарот за агресија.“
Значи, оваа област на мозокот е одговорна за планирањето, мотивирањето и започнувањето на доброто или грешното однесување и исто така е одговорна за зборувањето на лаги или зборувањето на вистината. Според ова, погодно е да се опише предниот дел како одговорен за лажењето и грешењето,и како што стои во Куранот за оној кој лаже и прави гревови: „... за челото лажно и грешно!“

Функционалните региони сe на левата хемисфера на мозочната кора. Префронталната област е лоцирана во предниот дел на мозочната кора. („Основите на анатомијата и психологијата“ , стр. 210)
Научниците, во последните шест години ја имаат откриено функцијата на префронталната област, според проф. Кејт Л. Мур.

Зарем не се смешни тврдењата на неверниците дека сето ова е настанато по некоја природна случајност, А Аллах вели во Куранот за оние кои што имаат разум:
Ние ќе им ги пружиме доказите Наши во пространствата вселенски, а и во нив самите, додека не им биде сосема јасно дека Кур’анот е вистина. А зар не е доволно тоа што Господарот твој за се е известен?(Куран 41/53)

Wednesday, October 20, 2010

Аллахово чудо на создавање – имунолошкиот систем на човекот


Аллахово чудо на создавање – имунолошкиот систем на човекот


Секојдневно во нашите внатрешни делови на нашето тело се води војна, а тоа ние и да не го запазуваме. Од една страна се вирусите и бактериите кои бараат да навлезат во нашето тело и да го стават под контрола, а од друга страна се имуните ќелии кои го штитат нашето тело од овие непријатели.


Непријателите очекуваат во офанзивна положба како би нашле пат кон саканото подрачје, кон кои тежнеат да влезат штом им се укаже прва поволна прилика. Меѓутоа, силните, организирани и дисциплирани војници (имуните ќелии) во нападнатите области нема да им дозволат на непријателите така лесно да успеат во своите намери. Прво “војниците“ кои ги уништуваат и неутрализираат “непријателските војници“ (фагоцити)стигнуваат на бојното поле. Меѓутоа, некогаш битката е “потешка“ отколку што овие војници би можеле да поднесат. Во такви околности други војници (макрофаги) се повикани во “борба“. Нивното учество предизвикува тревога во нападнатата област и уште едни војници (помошни Т ќелии) бидуваат повикани во битката.


Овие војници добро ја познаваат локалната популација. Тие брзо ја распознаваат својата војска од непријателската. Веднаш активираат војници кои имаат улога да произведуваат оружје (Б ќелии). Овие војници имаат исклучителни можности. Иако никогаш пред тоа не го виделе непријателот, тие се во состојба да созададат оружје кое ќе го онеспособи. Освен тоа, носат и оружје кое така брзо го создаваат што веднаш можат да го употребат. Во тек на ова патување, тие успеваат во тешката задача, да не предизвикаат никаква штета на сојузниците. Подоцна, доаѓаат напаѓачките екипи (убивачки Т ќелии). Овие убивачки Т ќелии испалуваат отровен материјал, кој го носат со себе, кон најосетливите непријателски точки. Во случај на победа, доаѓа уште една група на војници на местото на битката (пригушувачки Т ќелии) и ги испраќаат сите војници назад во нивниот камп. Војниците кои пристигнуваат последни на местото на битката (ќелии на помнење) ги снимаат сите информации за непријателот, како би можеле да ги искористат во случај на слична инвазија во иднина.

Прекрасната армија за која се говореше е имуниот систем во човековото тело. Сето горе наведено го извршуваат микроскопски ќелии невидливи за голото око.

Колку луѓе се свесни дека поседуваат така организирана, дисциплирана и беспрекорна војска во своите тела? Колку од нив се свесни дека се опкружени од сите страни со микроби кои ако не бидат спречени можат да предизвикаат сериозна болест или дури и смрт. Навистина, постојат многу опасни микроби во воздухот кој ги вдишуваме, во водата која ја пиеме, храната која ја конзумираме и површините кои ги допираме, иако особата е несвесна за сите овие случувања, ќелиите во нејзиното тело прават огромни напори да ја спасат од болест која би можела да предизика дури и смрт.

Способноста на сите имуни ќелии да ги распознаваат непријателските ќелии од ќелиите на телото, способноста на Б ќелиите да припремаат оружје за неутрализиранје на непријателот кој нигогаш пред тоа не го виделе, нивната способност да создаваат онолку оружје колку им е потребно за употреба без неповолно делување врз било која ќелија од телото, ќелии кои припремаат сигнали извршувајќи ја својата должност во потполност без никакво приговарање, а секоја од нив знае што да работи, и нивното враќање на првобитната положба се врши без никакви проблеми штом ќе ја извршат својата задача и можноста на ќелиите за помнење, се само некои од впечатливите особини на овој систем.
Поради сите овие причини ниту еден еволуционист никогаш не пишувал за развојот на имуниот систем.
Многу е тешко за личноста да преживее ако не поседува имун систем, или ако тој неисправно функционира, бидејќи би била изложена на сите микроби и вируси кои се наоѓаат во надворешниот свет. Денес, таквите луѓе можат да живеат само во специјално изолирани простории без никаков контакт со било кој или било што од околината. Заради тоа невозможно е личноста која нема имунолошки систем да преживее во примитивна средина. Ова нè носи до заклучок дека таков комплекс како што имунолошкиот систем, може да се создаде само еднаш и со сите елементи недопрени.

Зарем не се смешни тврдењата на неверниците дека сето ова е настанато по некоја природна случајност, А Аллах вели во Куранот за оние кои што имаат разум:

Ние ќе им ги пружиме доказите Наши во пространствата вселенски, а и во нив самите, додека не им биде сосема јасно дека Кур’анот е вистина. А зар не е доволно тоа што Господарот твој за се е известен?(Куран 41/53)

Thursday, January 07, 2010

ЧОВЕЧКАТА РЕПРОДУКЦИЈА ВО КУР’АНОТ


--------------------------------------------------------------------------------




Репродукцијата е тема за која секое одамнешно дело, штом барем малку се впушти во детаљи, неминовно изразува погрешни концепции. Во средниот век, дури и во периодот кој не е многу оддалечен, репродукцијата била окружена со разновидни митови и празноверија. Како и би можело инаку да биде, кога за разбирањето на нејзините сложени механизми на човекот му било потребно да ја запознае анатомијата, да го открие микроскопот и да се родат таканаречени основни знаења, со кои се напојувала физиологијата, ембриологијата, опстетриката и др. Во Кур’анот е наполно поинаку. Книгата на бројни места евоцира прецизни механизми и наведува сосема определени фази на репродукцијата, а во случај на нејзиното читање да не пружи ни најмал исказ проникнат со неточност. Сето тоа е изразено со едноставни термини лесно достапни на човечкото разбирање и наполно сообразни со она што ќе биде откриено многу подоцна.


Евоцирана во десетици кур’ански стихови, без било каков видлив ред, човечката репродукција е изложена со помош на искази од кои секој се однесува на едно или повеќе посебни прашања. Треба да ги прегрупираме за да се створи претстава во целина. Со тоа, овде, како и кај другите разгледувани теми, коментарот ќе биде олеснет.

ПОТСЕТУВАЊЕ НА НЕКОИ ПОИМИ
Неопходно е да се потсетиме на некои поими кои биле непознати во епохата на Објавата на Кур’анот и во вековите кои настапувале. Човечката репродукција се обезбедува со серија на процеси, заеднички за цицачите, на чиј почеток стои оплодувањето во јајоводот на една јајце клетка која се одвоила од јајникот во средината на менструалниот циклус. Оплодувачкиот агенс е спермата на човекот или поточно сперматозоидот, бидејќи е доволна само една семена клетка: значи, за да се осигура оплодувањето, потребна е најмала количина од оваа семена течност која содржи сперматозоиди во огромен број (десетици милиони на еден полов однос). Течноста ја произведуваат тестисите и таа веднаш се складира во системот на резервоари и канали кои конечно излегуваат во уринарните патишта: додатните жлезди, распрскани долж овие последните, & додаваат на спермата суплементарен секрет без оплодувачки елементи.


Сместувањето на така оплоденото јајце се врши на прецизно место во женскиот генитален апарат: тоа се симнува низ јајцеводите во матката и се вгнездува во телото на матката каде што не се колеба буквално да се закачи вметнувајќи се во неа, во слузот и во мускулот, по формирањето на плацентата и со нејзината помош. Доколку, на пример, зацврстувањето на јајцето се случило во јајцеводот, наместо во матката, бременоста ќе биде прекината. Штом ќе стане видлив за голо око, ембрионот се укажува во вид на мала неоформена маса, на која изгледот на човечкото суштество примарно е неразграничив. Овде тој се развива во редоследни, денес добро познати фази, што ќе даде скелет на човечкото тело: систем на коски, со мускулите околу него, нервен систем, систем на циркулација, стомак итн.


Овие поими ќе служат како членови за споредување со оние кои за репродукцијата можат да се прочитаат во Кур’анот.
Да се стекне претстава за кур’анската содржина за оваа тема не е мала работа. Првата потешкотија доаѓа од распрсканоста по целата Книга на исказите кои се однесуват на неа, на што веќе предупредивме; но тоа не е главната потешкотија. Она што овде уште повеќе може да го заведе истражувачот е проблемот на речникот. Навистина, во нашата епоха сеуште се распространети преводите и коментарите на некои пасуси кои на научниците при читањето можат да им пружат наполно погрешна претстава за кур’анската Објава за разгледуваната тема.
Така, мнозинството преводи го евоцира формирањето на човекот од “грушка крв”, “од прилепување”: еден таков исказ е наполно неприфатлив за научникот специјализиран во оваа област. Човекот никогаш немал такво потекло.

Во параграфот кој го третира вгнездувањето на јајцето во мајчиниот утерус ќе ги видиме причините заради кои одличните арабисти без научна култура се наведени да прават такви грешки. Една ваква констатација овозможува да замислиме колку е капитално поврзувањето на познавањето на јазикот и познавањето на науката за да се сфати значењето на кур’анските искази за репродукцијата. Кур’анот најпрво нагласува редоследни трансформации кои во мајчиниот утерус ги трпи ембрионот до крајот на бременоста.

“О човеку, што те заведе од Господарот твој
Благороден!? Кој те создаде?... па те направи целосен
и складен, и Кој со посак Свој ликот ти го среди”.
Кур’ан 82:6-8
“...и Он, секако, ве создава постепено”. Кур’ан 71:14

Покрај оваа мошне општа забелешка, кур’анскиот текст привлекува внимание на повеќе прашања кои се однесуваат на репродукцијата, а изгледа дека можат вака да се систематизираат: оплодувањето се врши благодарејќи на мошне мала количина на течност; природата на оплодувачката течност; вгнездувањето на оплоденото јајце и еволуцијата на ембрионот.
1. ОПЛОДУВАЊЕТО СЕ ВРШИ БЛАГОДАРЕЈЌИ НА
МОШНЕ МАЛА КОЛИЧИНА НА ТЕЧНОСТ
Кур’анот се враќа на овој поим единаесет пати, употребувајќи изрази кои ги наоѓаме во:

"Он го создаде човекот од капка (сперма)..." Кур’ан 16:4

Обврзани сме арапскиот збор нуţфат да го преведеме со какпа (сперма), со оглед на тоа што на француски (македонски) јазик нема наполно соодветен збор. Треба да кажеме дека овој збор доаѓа од глаголот кој значи –истекува, капнува; тој служи да го означи она што може да остане во ведрото, кое веќе еднаш сме го испразниле. Тоа значи дека означува мошне мала количина на течност, оттаму е секундарното значење –капка вода, овде -капка сперма, бидејќи зборот во еден друг стих е поврзан со зборот сперма.

"Не беше ли (човекот) капка семе, семе што се фрла?" Кур’ан 75:37

Овде зборот маниѕѕ означува сперма.
Еден друг стих означува дека капката за која се работи е сместена на сигурно место (љуарар), кое очигледно го означува гениталниот апарат. Бог вели:


"...потоа како капка семе го стававме на место
сигурно..." Кур’ан 23:13





Треба да додадеме дека квалификативот кој во текстот се однесува на ова сигурно престојувалиште (макîн) е одвај преводлив, тој изразува поим за одлично, воздигнато, солидно утврдено место. Како и да е, се работи за место на растење на човекот во мајчиниот организам. Но, особено е битно да го нагласиме овој поим на мошне мала количина на течност која е потребна за оплодување, што е наполно во хармониија со она што ни е познато во наше време.
ПРИРОДАТА НА ОПЛОДУВАЧКАТА ТЕЧНОСТ
Кур’анот оваа течност, која обезбедува оплодување, ја спомнува со квалификативите кое би било интересно да ги испитаме:

а) "Сперма”, како што тоа пред малку го прецизиравме (Кур’ан 75:37 );
б) "Течност што се исфрла": "(Човекот) создаден е од течност што се исфрла..." (Кур’ан 86:6);
в) "Лоша течност" (Кур’ан 32:8, 77:20).


Квалификативот –лош (мекîн) изгеледа дека може да се интерпретира, но не од гледна точка на квалитетот на самата течност, туку повеќе во функцијата на фактот дека таа се исфрлува со завршувањето на уринарниот апарат позајмувајќи ја цевката низ која излегува урината.
г) "Смеса” или "она што е измешано" :

"Ние човекот го создадовме, навистина, од мешавина на семе..." (Кур’ан 76:2).


Многу коментатори, како професор Хамидуллах, во овие мешавини го гледаат машкиот и женскот елемент. Тоа важи и за некогашните писатели кои не можеле да имаат поим за физиологијата на оплодувањето а посебно за тоа кои се нејзините биолошки услови кај жената; тие сметале дека зборот евоцира единство на спојување на два елемента.
Но, модерните коментари, како што е оној на Мунтахаба, кој го издава Врховниот совет за Исламските работи во Каиро, го исправува овој начин на видување и забележува дека какпката сперма е "дотирана со различни елементи".


Коментаторот Мунтахаба не се впушта во детаљи, но според мое мислење, неговата забелешка е сосема оправдана.
Кои се тие различни елементи на спермата?
Семената течност се образува од различни секрети кои потекнуваат од следниве жлезди:
а) тестиси (секрет на машката полова жлезда кој содржи сперматозоиди, издолжени клетки со долг камшик (опашка) кои пливаат во воденестата течност);
б) семени меурчиња: овие органи, резервоари на сперматозоиди, сместени близу до простатата, исто така имаат свој сопствен секрет, без оплодувачки елементи;
в) простата: таа лачи една течност која на спермата и го дава кремастиот изглед и нејзиниот специфичен мирис;
г) додатни жлезди на уринарните патишта: Цоњперов-ите или Мéрѕев-ите жлезди лачат густа течност, а Литтéров-ите жлезди лачат слуз.
Такво е потеклото на овие "мешавини” за кои изгледа дека Кур’анот зборува.
Но, тоа не е сé. Кога Кур’анот зборува за оплодувачка течност, тој нé информира за фактот дека човечкото потомство е обезбедено со нешто што може да биде извлечено од оваа течност. Тоа е значењето на стихот 8, поглавје 32: "АА (Аллах) потоа, породот негов (човеков), го создава од суштината на лошата течност".


Арапскиот збор кој овде е преведен со суштина, квинтесенција (сулâлат) означува предмет извлечен, излезен од некој друг, најдобриот дел на некоја работа. Како и да го преведеме, секако се работи за дел од една целина.
Она што го предизвикува оплодувањето на јајцето и ја осигурува репродукцијата е една клетка со мошне издолжен облик, чија димензија се означува со броевите во мерилото од 1/10.000 милиметри. Само еден елемент меѓу повеќе десетици милиони кои човекот во нормални услови ги исфрлува (се проценува дека еден кубен сантиметар на сперма содржи 25 милиони сперматозоиди во нормалните услови на ејакулација од неколку кубни сантиметри), ќе успее да навлезе во јајцето; значителен број ќе остане на патот и никогаш нема да го помине патот кој од вагината води до јајцето низ празнината на матката и јајцеводот.


Значи дека многу незначителен дел извлечен од една течност, многу комплексна според својата формација, ќе ја манифестира својата активност. Според тоа, како да не бидеме фрапирани од согласноста помеѓу кур’анскиот текст и научните сознанија кои во нашата епоха сме ги стекнале во врска со овие феномени.
ВГНЕЗДУВАЊЕ НА ЈАЈЦЕТО ВО ЖЕНСКИОТ
ГЕНИТАЛЕН АПАРАТ
Откако ќе биде оплодено во јајцеводот, јајцето слегува за да се вгнезди во внатрешноста на матката: тоа се вика вгнездување на јајцето. Кур’анот ја именува матката каде оплоденото јајце го завзема местото:


"...и во утробите (матките) утврдуваме со посак Наш
до рок определен..." Кур’ан 22:5



Зацврстувањето на јајцето во матката се остварува со развојот на ресичките, вистински продолжетоци на јајцето, кои како корените во земјата, од грлото на овој орган ќе го црпат она што е потребно за растење на јајцето. Овие производи буквално го закачуваат јајцето за матката. Нивното познавање му припаѓа на модерното време.
Ова закачување во Кур’анот се спомнува пет пати. Најпрво во двата први стиха од поглавјето 96:
"Читај во името на Господарот твој кој создаде,
го создаде човекот од нешто што се закачува!"
"Нешто што се закачува" е превод на зборот ‘алаљ. Тоа е неговото првобитно значење. Значењето изведено од овде, "грушка крв", често се наоѓа во преводите: тоа е неточност на која треба да се предупреди; човекот никогаш не поминал низ фазата на грушка крв. Истото тоа важи и за еден друг превод: "прилепување”, што исто така е неточен израз. Првобитното значење, да се присетиме, "нешто што се закачува" наполно одговара на денес добро утврдената реалност.
На овој предмет се потсетува во четири други стихови кои ги евоцират редоследните трансформаци од фаза на капка сперма до крајот на бременоста.

"...Ние, ве создадовме од...нешто што се закачува..."
Кур’ан 22:5
"Потоа капката семе Ние ја создадовме во нешто што
се закачува..." Кур’ан 23:14
"(Аллах*) ве создаде од капка семе, потоа од нешто
што се закачува..." Кур’ан 40:67
"Не беше ли (човекот) капка семе, семе што се фрла?
А по ова, нешто што се закачува, па го создаде и
обличје му даде..." Кур’ан 75:37-38

Органот во кој се одвива бременоста е означен во Кур’анот, како што тоа го видовме, со зборот кој во арапскиот јазик се употребува за означувањето на матката. Во некои поглавја тој го добива терминот "сигурно место" (поглавје 23, стих 13, кој погоре е цитиран, и поглавје 77, стих 21). Во еден друг стих (поглавје 6, стих 98) се работи за човечкото сигурно престојувалиште изразено со терминот кој е многу близок на претходниот, и кој се чини дека подеднакво ја означува мајчината матка. Јас лично мислам дека значењето на стихот е такво, но неговата интерпретација далеку би не однела, а за тоа немамо доволно место во оваа студија.
Многу деликатна е и интерпретацијата на следниот стих:

"Ве создаде во утробата на мајките ваши, суштество по суштество, во три темнини…" Кур’ан 39:6

Модерните интерпретатори на Кур’анот овде ги гледаат трите анатомски слоја кои го штитат детето во текот на бременоста: перитонеумот, самата матка и обвивките на фетусот (плацентата, мембраната и амнионската течност). Должен сум да наведам нешто, за да овој стих биде потполн: интерпретацијата која овде е дадена не ми се чини анатомски спорна, но дали кур’анскиот текст навистина сакал ова да го каже?

4. ЕВОЛУЦИЈАТА НА ЕМБРИОНОТ ВО
ВНАТРЕШНОСТА НА МАТКАТА
Таква каква што е опишана во Кур’анот, таа совршено одговара на она што денес го знаеме за некои етапи на развојот на ембрионот и не содржи ни еден исказ кој модерната наука би можел да го критикува.
По "она што се закачува", (израз за кој видовме до која мерка е добро базиран), Кур’анот вели,

ембрионот поминува низ фаза на месо (како изџвакано месо), потоа се јавува коскено ткиво кое е обвиткано со месо (дефинирано со збор поинаков од претходниот кој значи свежо месо).
"(Ние) од нешто што се закачува создадовме парче
месо (како изџвакано); од парчето месо (како
изџвакано) создадовме коски, а потоа коските со
(свежо) месо ги обвиткавме..." Кур’ан 23:14

Месото (како изџвакано) е превод на зборот му¼ġат; месо (како свежо месо) лаÊм. Оваа дистинкција треба да ја истакнеме. На почетокот, ембрионот е мала маса која, на просто око, во еден степен на нејзиниот развиток изгледа како изџвакано месо. Коскениот систем се развива во внатрешноста на оваа маса, во она што се нарекува мезенхим. Формираните коски обвиткани се со маси на мускулатура: за нив се применува зборот лаÊм.
Се знае дека во текот на ембрионалниот развиток некои делови изгледаат наполно диспропорционално во однос на она што подоцна ќе биде единка, додека пак другите остануваат пропорционални.
Зарем тоа не е значењето на зборот муËаллак кој значи "пропорционално обликуван" а употребен е во стихот 5 од поглавјето 22 за да го евоцира овој феномен?
"...Ние, ве создадовме од...нешто што се закачува...потоа од парче месо, пропорционирано и непропорционирано..."
Кур’анот исто така алудира на појавата на сетилата и стомакот:

"И (Аллах) ви дава и слух, и вид и срца..." Кур’ан 32:9
Тој алудира на формирањето на полот:
"Да, Он создаде елементи на пар: машко и женско, од
семе кога ќе се закачи!" Кур’ан 53:45-46

Формирањето на полот исто така е евоцирано во поглавјето 35, стих 11, и во поглавјето 75, стих 9.
Како што кажавме, сите овие кур’ански искази треба да бидат споредени со знаењата утврдени во модерното време: нивната согласност со овие е очигледна. Но, исто така исклучително битно е да ги споредиме со општите верувања за овој предмет кои биле вообичаени во периодот на Објавата на Кур’анот, за да сфатиме до која мерка луѓето од тоа време биле далеку од тоа за овие проблеми да имаат гледишта слични со овие изложени во Кур’анот. Нема сомнение дека тие тогаш не знаеле да ја интерпретираат оваа Објава како што ние денес ја сфаќаме, бидејќи во тоа ни помагаат достигнувањата на модерната наука. Всушност, дури во текот на ЏИЏ век за овие прашања ќе се стекне нешто појасно мислење.

Во текот на целиот среден век митовите и шпекулациите без основа се наоѓале во основите на најразлилчните доктрини: тие биле во циркулација уште неколку векови подоцна. Се знае ли дека фундаменталната етапа во историјата на ембриологијата било Харвеѕ-евото тврдење, 1651 од година, дека "сé живо доаѓа од јајцето" и дека ембрионот се формира постепено, дел по дел? Но, во оваа епоха, во која науката која се раѓала сепак во голем степен го користела неодамнешното откритие на микроскопот за предметот за кој се зборува, сеуште се зборувало за взаемните улоги на јајцето и сперматозоидот.

Големиот натуралист Буффон припаѓал на кланот на овисти, меѓу кои Боннет ја поддржувал теоријата за вметнувањето на зачетоците: така, јајникот на Ева, мајката на човечкиот род, би ги содржел зачетоците на сите живи суштества, вметнати еден во друг. Оваа хипотеза постигнала извесен успех во ЏВИИИ век.
Повеќе од еден милениум пред оваа епоха, во која во циркулација биле фантастични доктрини, луѓето го запознале Кур’анот. Неговите искази за човечката репродукција со едноставни термини изразувале основни вистини, за чие откривање на луѓето ќе им требаат толку векови.

Аллахово чудо на создавање – имунолошкиот систем на човекот
































Секојдневно во нашите внатрешни делови на нашето тело се води војна, а тоа ние и да не го запазуваме. Од една страна се вирусите и бактериите кои бараат да навлезат во нашето тело и да го стават под контрола, а од друга страна се имуните ќелии кои го штитат нашето тело од овие непријатели.

Непријателите очекуваат во офанзивна положба како би нашле пат кон саканото подрачје, кон кои тежнеат да влезат штом им се укаже прва поволна прилика. Меѓутоа, силните, организирани и дисциплирани војници (имуните ќелии) во нападнатите области нема да им дозволат на непријателите така лесно да успеат во своите намери. Прво “војниците“ кои ги уништуваат и неутрализираат “непријателските војници“ (фагоцити) стигнуваат на бојното поле. Меѓутоа, некогаш битката е “потешка“ отколку што овие војници би можеле да поднесат. Во такви околности други војници (макрофаги) се повикани во “борба“. Нивното учество предизвикува узбуна во нападнатата област и уште едни војници (помошни Т ќелии) бидуваат повикани во битката.

Овие војници добро ја познаваат локалната популација. Тие брзо ја распознаваат својата војска од непријателската. Веднаш активираат војници кои имаат улога да произведуваат оружје (Б ќелии). Овие војници имаат исклучителни можности. Иако никогаш пред тоа не го виделе непријателот, тие се во состојба да созададат оружје кое ќе го онеспособи. Освен тоа, носат и оружје кое така брзо го создаваат што веднаш можат да го употребат. Во тек на ова патување, тие успеваат во тешката задача, да не предизвикаат никаква штета на сојузниците. Подоцна, доаѓаат напаѓачките екипи (убивачки Т ќелии). Овие убивачки Т ќелии испалуваат отровен материјал, кој го носат со себе, кон најосетливите непријателски точки. Во случај на победа, доаѓа уште една група на војници на местото на битката (пригушувачки Т ќелии) и ги испраќаат сите војници назад во нивниот камп. Војниците кои пристигнуваат последни на местото на битката (ќелии на помнење) ги снимаат сите информации за непријателот, како би можеле да ги искористат во случај на слична инвазија во иднина.

Прекрасната армија за која се говореше е имуниот систем во човековото тело. Сето горе наведено го извршуваат микроскопски ќелии невидливи за голото око.

Колку луѓе се свесни дека поседуваат така организирана, дисциплирана и беспрекорна војска во своите тела? Колку од нив се свесни дека се опкружени од сите страни со микроби кои ако не бидат спречени можат да предизвикаат сериозна болест или дури и смрт. Навистина, постојат многу опасни микроби во воздухот кој ги вдишуваме, во водата која ја пиеме, храната која ја конзумираме и површините кои ги допираме, иако особата е несвесна за сите овие случувања, ќелиите во нејзиното тело прават огромни напори да ја спасат од болест која би можела да предизика дури и смрт.

Способноста на сите имуни ќелии да ги распознаваат непријателските ќелии од ќелиите на телото, способноста на Б ќелиите да припремуваат оружје за неутрализиранје на неприајтелот кој нигогаш пред тоа не го виделе, нивната способност да создаваат онолку оружје колку им е потребно за употреба без неповолно делување врз било која ќелија од телото, ќелии кои припремаат сигнали извршувајќи ја својата должност во потполност без никакво приговарање, а секоја од нив знае што да работи, и нивното повраќање на првобитната положба се врши без никакви проблеми штом ја извршат својата задача и можноста на ќелиите за помнење се само некои од впечатливите особини на овој систем.
Поради сите овие причини ниту еволуционист никогаш не пишувал за развојот на имуниот систем.

Многу е тешко за особата да преживее ако не поседува имун систем, или ако тој неисправно функционира, бидејќи би била изложена на сите микроби и вируси кои се наоѓаат во надворешниот свет. Денес, таквите луѓе можат да живеат само во специјално изолирани простории без никаков контакт со било кој или било што од околината.

Заради тоа невозможно е особата која нема имунолошки систем да преживее во примитивна средина. Ова нè носи до заклучок дека таков комплекс како што имунолошкиот систем, може да се создаде само еднаш и со сите елементи недопрени.

(islamcan.com)

Tuesday, August 11, 2009

Ротација на Земјата

































После сето што е наведено дојдовме до ново прашање, прашањето за Земјината ротација. Може ли некој да го одреди движењето на местото на кое седи во случај кога се движи целиот простор со с# што е во него? Сигурно е дека никој не може да го одреди таквото движење. Зошто? Затоа што движењето на телото кое се движи можно е да се воочи единствено ако го споредиме со нешто што е статично. Во овој случај не постои ништо статично, бидејќи целата Земја се движи. Меѓутоа, просторите на Земјата се многу стабилни. Да изведеме експеримент. Кога седиме во сосема затворено тело кое се движи додека сме во него и тука имаме стабилна положба која не се менува, нема да почувствуваме движење на ова тело се додека не отвориме прозор и го споредиме движењето на тоа тело со некој статичен објект, како што се столбовите или дрвата. Значи, движењето на телата не можеме да ги воочиме се додека не ги споредиме со некој статичен објект. Кој може да го спореди движењето на целата Земја така што ќе ја спореди со нешто што е сосема статично? Сигурно никој, се додека и ние самите се движиме…



Четврта научна вистина: Движењето на планините не е сопствено движење туку е предизвикано со движењето на Земјата.


Возвишениот Аллах во Кур'анот вели:
"И ги гледаш планините мислејќи се неподвижни. Тие се креваат како што се креваат и облаците". (Ен-Немл, 88)

Значењето на зборот мислејќи е во тоа што укажува дека е тоа само привидение, а не е вистина, бидејќи овие масивни планини кои ги гледаме пред себе како цврсти, стабилни и неподвижни, всушност, не се такви. Возвишениот Аллах сака да ни укаже дека овие огромни, масивни и силни планини, кои се Земјини столбови и кои пред нас изгледаат цврсти, стабилни и поврзани, неуништливи и нескршливи, овие силни планини кои предизвикуваат стравопочитување, во реалноста се движат како и облаците. Потоа, кога ќе се зачудите на овие зборови и ќе се запрашате како е можно планините да се движат како облаците кога се тие најнеподвижно нешто на светот пред нашите очи? Возвишениот Аллах ни праќа порака: «Не, не чудете се! Тоа е Аллахово давање. Од Аллах кој сe совршено уредил.» Ако некој мисли дека ова ќе се случува дури на Ахирет, треба да знае дека тогаш не ќе биде ова Земја, а планините ќе се нишаат, бидејќи ние ги потврдуваме зборовите на Возвишениот Аллах:

"На Денот кога земјата ќе биде заменета со друга земја, па и небесата; и кога сите ќе излезат пред Аллах, Единствениот и Моќниот!" (Ибрахим, 48)




Покрај тоа, зарем на Ахирет ќе има привидение? Не, на Ахирет ќе се види само целосна вистина. Сe ќе видиме со ајнул-јекин, со вистински вид, и сe ќе спознаеме во неговата вистина: џеннетот и џехеннемот; наградите; полагањето на сметка и сe друго. Значи, Аллаховите зборови …мислејќи се неподвижни… значат дека вие пред планините се лажете, бидејќи мислите дека се неподвижни, а тие се движат како и облаците.
Сега да обрнеме внимание на користењето на зборот се креваат (поместуваат) како што се креваат (поместуваат) и облаците, бидејќи веќе укажавме дека Аллаховиот говор е совршено јасен и прецизен. Поместување на облаците… Зошто Аллах џ.ш. не употреби некој друг израз, како што е движење на ветрот, морските таласи или што било друго? Затоа што облаците не се движат сами од себе, туку ги поместува друга сила, а таа сила е делувањето на ветрот. Кога гледаме дека облаците се движат од еден правец кон друг, не се движат сами од себе, туку доаѓаат ветрови кои ги подвижуваат и ги носат од едно место во друго. Како да сака Возвишениот Аллах да ни каже: «Внимавајте! Планините се движат, но не со сопствената сила како Земјата или ветрот. Не, оние не се движат сами од себе, т.е. оние не преминуваат од едно место на земјината површина на некое друго место. Не, нивната положба е стабилна. Оние пред вас се движат онака како што се поместуваат облаците, т.е. се поместуваат со движењето на Земјата, сосема идентично како што облаците се движат под влијание на ветрот.» Инаку, зошто Аллах не рече: «Ти ги гледаш планините и мислиш дека се неподвижни а оние одат, или оние трчаат, или оние се преместуваат, или одат од едно место во друго!? Никогаш. Изоставени се сите изрази кои укажуваат на движење на планините со сопствена сила, т.е. она што со своја сила ги крева планините е Земјата. Брдата и планините се препуштени на оваа сила и оние пред вас се движат како облаците кои ги поместува делувањето на ветрот кој ги потиснува. Го гледаме ли совршенството на изразот во прецизноста на описот на Земјината ротација во Кур'анот? Зарем е можно Мухаммед, с.а.в.с., да го измислува овој говор, или да го достигне тоа знаење? Зарем не е ова муџиза, кога научниците потврдуваат дека Земјата се движи околу својата оска, а ние им кажуваме дека тоа е вистина на која Кур'анот веќе укажал. Дури, детално тоа го појаснил? С# на Земјата ја следи нејзината ротација, што ги вклучува и огромните, масивни планини. Ова, секако, се однесува на дуњалукот, зашто на Ахирет Аллах џ.ш. целосно ќе ги уништи брдата и планините и тогаш не ќе има привидение, туку ќе биде само целосно убедување…





Природата на Кур'анот ги надминува границите на иднината. Аллах потоа нe известува за природните појави кои луѓето со интелектуални напори ќе ги потврдат дури после четиринаесет векови. Тоа докажува дека Кур'анот ги надмина границите на иднината. Меѓутоа, поединци се впуштаат во расправа за создавањето на човекот, што претставува обид на застранување и негирање на Аллаховите ајети во светот околу нас. Ова е, исто така, муџиза на Кур'анот, т.е. постоењето на тие застранети и нивните обиди на застранување и борба против Аллаховата вера. Тоа е кур'анска муџиза затоа што Возвишениот Аллах н# извести за нив многу одамна пред воопшто тие да се појават, а тоа детално го објаснавме во друго поглавје.

Земјата е тркалезна

Убеден сум дека за време на Аллаховиот Пејгамбер, с.а.в.с., никој од луѓето не знаел ништо за тркалезната форма на Земјата, ниту тоа било дел од чие било знаење. Во тој период се објавува Кур'анот и се објавува кур'анскиот ајет:
"И Земјата Ние ја раширивме…" (Ел-Хиџр,19; Каф,7)

Мораме да ја нагласиме прецизноста и совршенството на овој кур'ански израз.
Употребен е единствениот соодветен израз за времето во кое е објавен и за сите наредни векови. Со изразот ја раширивме, истовремено се постигнати две важни значења. Првото значење на ајетот: И Земјата Ние ја раширивме… зборува дека Земјата е раширена, што не преставуваше проблем, бидејќи во тоа време луѓето можеле со своите очи да ја видат вистинитоста на тој ајет. Подоцна, кога се востанови дека Земјата е тркалезна, гледаме дека тоа било единствен израз кој целосно одговара на описот на Земјината топка.

После тоа да го погледнеме овој кур'ански ајет:
"Он ноќта ја покрива со денот, а денот го покрива со ноќта". (Ез-Зумер,7)

Зошто Возвишениот Аллах го употребува зборот (јукеввиру) покрива, обвива. Кур'анскиот израз потекнува од Аллах и затоа е неверојатно прецизен и непогрешлив. Но, зошто е кажано покрива, обвива, а не ја раширува ноќта и денот, што подобро би одговарало на описот ако Земјата е рамна, или ги сменува денот и ноќта, или со кој било друг збор. Ако вие донесете нешто и го обвиете тоа околу тркаелст предмет ќе кажете: «Ја обвив ткаенината, на пр. во клопче, т.е. добив тркалеста форма така што завиткав клопче. Ако сакате некој човек да ви направи нешто тркалесто ќе му кажете: «Земи го ова и заобли го!» т.е. направи од него топка. Директното значење на зборовите на

Возвишениот Аллах:

"Он ноќта ја покрива со денот, а денот го покрива со ноќта".
е тоа, дека направи тие да ја обвијат Земјината топка…
Совршениот Кур'ан укажува дека ноќта и денот ја опфаќаат Земјината топка истовремено во секој момент. Возвишениот Аллах не рекол:» Он Земјата ја покрива со ноќта, а потоа ја покрива со денот.» Зборовите: Он ноќта ја покрива со денот, а денот го покрива со ноќта., со употреба на предлогот ала на глаголот кеввере, заслужува поголемо внимание, за да добиеме дополнителен увид во доменот на совршенството на Кур'анот. Он ноќта ја покрива. Значењето на овој ајет е дека тие истовремено и заедно се наоѓаат околу земјината топка, и на тоа Кур'анот укажал пред четиринаесет векови, а до што човечката наука успеала да стигне дури во последниот период од историјата.

Ова прашање, прашањето за тркалестата форма на Земјата, Кур'анот го спомнува и на други места. Зошто? Затоа што е тоа голема природна вистина…



Втора научна вистина: Денот и ноќта заедно се на Земјава



Денот и ноќта истовремено се наоѓаат на Земјава. Да ги погледнеме сега другите зборови на Возвишениот Аллах:

"Ниту Сонцето не треба да ја стигне Месечината, а ниту ноќта да дојде пред денот…" (Ја-син, 40)

Каква е пораката и значењето на овој кур'ански ајет? Неговото наведување на оваа појава е во тоа да се исправи оновремското убедување. Тие зборуваа: »Ноќта го престигна денот. Денот почнува со излезот на Сонцето и завршува со неговото заоѓање. После тоа настапува ноќ, т.е. ноќта го престигна на денот». Аллах џ.ш. во Кур'анот вели:

"а ниту ноќта да дојде пред денот…"

Со овој ајет Тој го негира нивниот говор дека ноќта го престигна на денот, порачувајќи им: «Не, никако. Ниту ноќта може да го престигне на денот, а ниту денот може да ја престигне на ноќта.»

Ова воедно е и објава дека Земјата е тркалеста, и дека ноќта и денот истовремено се присутни на Земјата. Ако го прифатиме мислењето дека Земјата е голема рамна плоча, тогаш би биле можни само две состојби. Прво: Дека Аллах џ.ш. го создаде Сонцето и му определи положба така што неговите зраци директно да се насочени кон Земјината рамнина. Во тој случај, на целата Земја прво е присутен денот. Потоа Аллах џ.ш. би го оддалечил Сонцето и тогаш би настапила ноќ. Второ: Аллах џ.ш. го создаде Сонцето и тоа воопшто не е насочено само на Земјата. Во тој случај на Земјата прво би била присутна ноќта, а после тоа доаѓа Сонцето над Земјината рамнина и настапува ден. Трета солуција не е можна. Така, кога Аллах џ.ш. вели: а ниту ноќта да дојде пред денот… целосно ја исклучува можноста денот да ја престигне на ноќта и обратно, бидејќи меѓу нив нема престигнување. Од кога? Од почетокот на создавањето на Земјата, или од кога Аллах џ.ш. ја создаде Земјата. Во говорот за материјалните предмети оваа ситуација е можна единствено во случај Земјата да е тркалеста. Кога Аллах џ.ш. ги создаде Сонцето и Земјата, ги постави денот и ноќта заедно. Земјината половина свртена кон Сонцето станала ден, а втората половина, ноќ. Потоа Земјата почнала да ротира околу својата оска, па ноќта стана ден, а денот стана ноќ.

Значи, со зборовите на Aллах во Куранot: а ниту ноќта да дојде пред денот… индиректно е кажано дека Земјата е создадена во форма на топка.

Куранот за планините






Книгата насловена како „Земјата“ е темелната книга на многу универзитети низ целиот свет. Еден од двата автора е проф. Емеритус Френк Прес. Тој бил научен советник на поранешниот председател на САД, Џими Картер, и 12 години бил претседател на Националната Академија на Науките, во Вашингтон. Во неговата книга стои дека планините имаат подземни корени. Тие корени се длабоко вкопани во земјата, и со оглед на тоа планините имаат облик на клинец.

Модерните научници докажале дека планините имаат длабоки корени под површината на Земјата и дека тие корени можат да ја достигнат својата величина над површината на земјата за неколку пати.

И поради тоа, најсоодветниот збор за да се опишат планините, базирајќи се на овие информации, е зборот „клин“, бидејќи повеќето соодветно наместени клинови се наоѓаат под површината на земјата. Историјата на науката ни говори дека теоријата за планините била поставена дури во последните години од деветнаесеттиот век.
Планините исто така имаат важна улога во стабилизирањето на кората на Земјата. Тие го спречуваат тресењето на земјата. Бог ни рекол во Куранот:

„И по Земјата Ние кренавме планини без таа да ги стресе...“
(Куран, 16:15)

Исто така, модерната терија за тектонската обвивка држи до тоа дека плани-ните функционираат како стабилизатори на Земјата. Оваа наука за улогата на планините како стабилизатори на Земјата што туку почнала да се разбира, во рамките на обвивката на кората и тоа во доцните шеесетти години на овој век.
Дали можел некој во времето на животот на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, да го знае вистинскиот облик на планините? Дали можел некој да си замисли дека таа цврста масивна планина, кој ја гледа пред себе, всушност се протега и има корени, длабоко во Земјата, како што изјавуваат научниците? Многу голем број на геолошки книги, кога пишуваат за планините, само го опишуваат делот кој се наоѓа над површината на Земјата. Ова е поради фактот, што повеќето книги не се пишувани од специјалисти по геологија. Сепак, модерната геологија ја има потврдено исправноста на Куранските стихови.
__________________

Saturday, July 25, 2009

Куранот за длабоките мориња и внатрешните бранови





Бог вели во Куранот:

„Или пак, како темнини во море кое го прекриваат бранови едни на други, а над нив облаци: темнини едни на други натрупани, така што, кога ќе се извади раката, ни прст не може да се види.“(Куран, 24: 40)
Овој стих говори за темнините кои се наоѓаат во длабочините на морињата и океаните, каде што, ако човекот ја погледне својата рака не би можел да ја види. Темнината која се наоѓа во длабочината на морињата и океаните започнува некаде околу длабочина од 200 метри па надолу. На оваа длабочина, скоро и да нема светлина. Под далбочина од 1000 метри не постои светлина воопшто. Човечките суштества не се во можност да нуркаат повеќе од четириесет метри, без потребната помош на подморската специјална опрема. Човечките суштества, без помош, не можат да преживеат, во длабоките темни делови на океанот, како што е длабочината од 200 метри.

Помеѓу 3 и 30 проценти од сончевата светлина се рефлектира на морската површина. И скоро сите седум бои на светлиот спектрум се апсобираат една по друга, во длабочината од првите 200 метри, освен плавата боја. (Океаните, Елдер и Пернета, стр. 27)

Научниците ја имаат од неодамна откриено оваа темнина со помош на средствата на специјалната опрема и подморницата, со што им беше овозможено да нуркаат во длабочините на океанот.
Исто така предходниот пример можеме да го разбереме од стихот, „... темнини во море кое го прекриваат бранови едни на други, а над нив облаци...“, дека длабоките води на морињата и океаните се покриени со бранови, и дека над тие бранови се наоѓаат други бранови. Сигурно е дека следната група на бранови, се брановите на површината кои можеме да ги видиме, затоа што во стихот е наведено дека под следниот бран се наоѓаат облаци. Но што е со првиот бран? Научниците неодамна откриле деке постојат внатрешни бранови кои „влијаат на густината помеѓу слоевите на различната густина“.

Внатрешните бранови помеѓу два слоја на вода со различна густина. Едниот е густ (понискиот), другиот е помалку густ (повисокиот). (Океанографија, Грос, стр. 204)
(Површински бранови, внатрешни бранови; перспектива; помалку густа вода; густа вода)

Внатрешните бранови ги покриваат длабоките води на морињата и океаните, затоа што длабоките води имаат повисока густина од водата над нив. Внатрешните бранови функционираат исто како и површинските бранови. Тие исто така можат да се прекршуваат, како и површинските бранови. Внатрешните бранови не можат да бидат видени со човечко око, но можат да бидат лоцирани со проучувањето на температурата или пак на промените на солта на дадена локација.

Куранот за морињата и реките





Модерната наука има откриено дека на местото каде што две различни мориња се допираат, всушност постои граница помеѓу нив. Оваа граница ги одвојува двете мориња, со што секое море си има своја температура, соленост и густина. Како пример би го навеле Медитеранското море чија вода е топла, солена и помалку густа, за разлика од водата на Атланскиот океан. Кога водата на Медитеранското море навлегува во Атлантикот преку Гибралтарот, навлегува неколку стотици километри во Атлантикот во длабочина од околу 1000 метри со својата топлина, соленост и помалата густина. Медитеранската вода се стабилизира во оваа длабочина.

Водата на Медитеранското море навлегува во Атлантикот преку Гибралтарот, со својата температура, соленост и помалата густина, поради границата која ги дели. Температурата е во целзуисови степени. (Поморската геологија, Кјуенен, стр. 43, со мало зголемување)
(длабочина во метри; Атланскиот океан; Медитеранското море; Водата на Атланскиот океан; Соленост под 36,0‰; Гибралтар; Водата на Медите-ранската вода; Соленост над 36,5‰)

Иако има големи бранови, јаки струи и плими во тие мориња, тие не се мешаат ниту ја преминуваат оваа граница.
Чесниот Куран спомнува дека има граница помеѓу морињата и дека тие не ја преминуваат. Бог вели:

„Ги оддели двете мориња кои само се допираат; меѓу нив има препрека, и не се мешаат.“
(Куран 55: 19 - 20)

Но кога Куранот ни говори за разликата помеѓу слатката и солената вода, се спомнува постоењето на „забранетата поделба“ со граница. Бог во Куранот вели:

„И Тој е Оној кој одвои едно од друго две мориња: едното пивко и студено, а другото солено и горчливо. И меѓу нив одреди меѓупростор и испречи препрека.“
(Куран, 25: 53)

Некој може да се запраша зошто во Куранот е спомната преградата, кога се говори за слатката и солената вода, но не ја спомнува преградата кога зборува за разликата на двете мориња?
Модераната наука открила дека во устието, каде што слатката и солената вода се сретнуваат, ситуацијата е некако поинаква од онаа што може да се види на местото каде што двете мориња се сретнуваат. Откриено е она што ги разликува слатката вода од солената во устието е зоната на сепарација која има различна соленост од слатката вода но и од солената вода.

Должинската регија ни ја покажува соленоста (деловите се по илјада ‰) во устието. Овде можеме да ја видиме преградата (зоната на сепарација) помеѓу слатката и солената вода. (Вовед во океанографијата, Турман, стр. 301, со краток додаток.)
(слатка вода (река); Преградата (Зоната на сепарација); Солената вода (море); Вертикално измешани.)

Оваа информација била откриена од неодамна, користејќи напредна технологија за мерењето на температурата, соленоста, густината, растворливоста на кислородот итн. Човечкото око не може да ја види разликата помеѓу овие мориња кои се мешаат, дури и ни изгледаат како едно хомогено море. Исто така човечкото око не може да ја види поделбата на водата во истијата на три вида: слатка вода, солена вода, и преградата.

Куранот за настанокот на универзумот




Науката за модерната астрономија, обсервациона и теоретската, јасно укажуваат на фактот, дека во еден момент, целиот универзум бил само еден облак на непрозирен и многу густ чад, топол и во гасовита состојба. Ова е еден од неспорните принципи на денешната модерна астрономија. Научниците сега можат да набљудуваат како се формираат нови ѕвезди кои настануваат од остатоците на тој чад. Ѕвезди кои навечер светат, предходно биле како и целиот универзум, во гасовита состојба. Бог ни вели во Куранот:

Потоа се упати кон небесата, а тие беа како магла...“(Куран, 41: 11)
Поради тоа што Земјата и небото над нас (Сонцето, Месечината, ѕвездите, планетите, галаксиите итн.) настанале од истиот „чад“, можеме да заклучиме дека Земјата и небото биле една поврзана целина. И тогаш од тој хомоген „чад“ се формирале и одделиле едно од друго. Бог ни вели во Куранот:

„Зарем не знаат неверниците дека небесата и Земјата беа една поврзана целина, па Ние ја распарчивме...?“(Куран, 21: 30)

Д-р Алфред Кронер е еден од светски реномираните геолози. Тој е професор по геологија и шеф е на катедрата на одделот за геологија на Институтот по геолошки науки на универзитетот Јоханес Гутенберг во Маинз, Германија. Тој рекол: „Размислувајќи, од каде дошол Мухамед... мислам дека е скоро невозможно тој да знаел за овие работи, како што е необичното настанување на универзумот, бидејќи научниците ги откриле овие работи дури во изминатите неколку години, со многу комплицирани и напредни методи на технологијата, како и во овој случај.“

Исто така рекол: „За некој кој пред илјада и четиристотини години не знаел ништо за нуклеарната физика, мислам дека не можел да биде во состојба само така, од свој памет, да ги знае тие работи, како за пример, дека Земјата и небото имаат исто потекло.“
__________________